Контакт

Европа

Исламистот кој планирал да ја убие Тереза Меј е прогласен за виновен

Објавено пред

Дваесетгодишното момче Наимур Закари Рахман, кој планирал да ја убие британската премиерка Тереза Меј, е прогласен за виновен пред лондонскиот суд, објавија британските медиуми. Тој се товари за правење заговор за убиство на британската премиерка. Рахман, екстремист и лојален на терористичката група Исламска држава, е роден на подрачјето на Бирмингем, а планирал со бомба да ја разнесе капијата од резиденцијата на премиерката во Даунинг стрит број 10, да ги убие стражарите и да ја нападне Меј со нож или пиштол.

dobivaj vesti na viber

Рахман е уапсен во ноември минатата година кога дошол по ранецот за кој се верувало дека е полн со експлозив и дека го добил од приврзаници на Исламската држава, а всушност тој разговарал со полицајци на тајна задача. Обвинителите навеле дека Рахман планирал да се разнесе за време на нападот.

АП наведува дека судот сè уште не му одредил времетраење на затворската казна.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Кокаин вреден 10 милиони евра запленет во близина на Неапол

Објавено пред

Италијанската полиција заплени повеќе од 80 килограми кокаин од камион во близина на Неапол, јави денеска италијанската новинска агенција АНСА.

dobivaj vesti na viber

Полицијата уапси 33-годишник и 47-годишник, кои беа фатени како пренесуваат 81,7 килограм кокаин, поделени во 70 дела, од камион во помало комбе во северните предградија на Неапол, јави АНСА.

Проценетата улична вредност на дрогата е речиси 10 милиони евра.

Полицијата вели дека ова е значаен удар врз организираниот криминал, пренесува италијанската агенција.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Минхен нема руска делегација, велат организаторите на конференцијата

Објавено пред

Иако американскиот претседател Трамп најави средба меѓу американската и руската делегација во Минхен, организаторите на конференцијата потврдија за Би-би-си дека нема руска делегација присутна во германскиот град.

dobivaj vesti na viber

Според Би-би-си, можно е средбата да биде планирана на друго место во градот, но претставници на конференцијата за Би-Би-Си велат дека е малку веројатно германската влада да и даде визи на руската делегација.

Прикажи повеќе...

Европа

Унгарскиот министер за надворешни работи: Студентските протести се обид за дестабилизација на Србија

Објавено пред

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека гледа „обиди за дестабилизација“ на Србија во студентските протести во Србија, кои траат по уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад.

dobivaj vesti na viber

„Гледам обид за дестабилизација на Србија и колку што јас разбирам, тој доаѓа не само од внатре, туку и од надвор“, рече тој во интервју за РТС.

Според него, во интерес на Унгарија е Србија да остане стабилна.

„Ова е добро за Унгарците кои живеат во Србија и за Унгарија поради соработката меѓу двете земји“, додавајќи дека Будимпешта „има доверба во владејачката коалиција во Србија и се надева дека обидот за дестабилизација нема да успее“.

Тој рече дека Србија е најсилната земја на Западен Балкан и дека Унгарија смета дека е во интерес на Европската унија Србија да биде нејзина членка.

„Тоа би била добра вест за Унгарија“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски од Минхен: Пристапот кон ЕУ стана подвижна цел, наместо системот на заслуги постојат двојни стандарди и билатерални спорови

На денешниот настан во рамки на Минхенската безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон ЕУ, премиерот, Христијан Мицкоски, истакна...

Македонија3 часа

Партиите од коалицијата „Влен“ размислуваат да се соединат во една партија по локалните избори, откри Таравари

До локалните избори сигурно нема да има спојување на Влен, а по нив може да се случи евентуално спојување на...

Македонија4 часа

(Видео) Изгоре магацин за полиестер во Врапчиште, пожарникар падна од скали и се повреди

Изгоре магацин за  производство на полиестер во општина Врапчиште. Магацинот се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека...

Свет5 часа

Првиот човек на НАТО: Путин не би се осмелил да нападне наша членка

Рускиот претседател Владимир Путин не би се осмелил да нападне земја-членка на НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте...

Свет5 часа

Зеленски: Работиме на посебен договор со САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека успехот „веќе се чини можен“ откако неговата администрација почна да соработува со тимот на...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС и ДУИ кое како канцер ја има зафатено правдата во Македонија,...

Свет6 часа

„Не сме сите такви“ – Алхалаби е херојот од Сирија кој го совлада својот сонародник за време на нападот во Австрија

Сириец вчера избоде со нож пет минувачи по случаен избор во Вилах, Австрија пришто загина 14-годишно момче. Медиумите денес се...

Свет7 часа

ЕУ се подготвува за итен состанок за Украина

Франција разговара со своите сојузници за можноста за одржување неформален состанок на европските лидери за Украина, а четворица европски дипломати...

Македонија19 часа

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција . Премиерот...

Македонија21 час

Вклучувањето на Бугарите во Уставот е само првиот чекор и ќе овозможи почеток на преговорите, му рекол бугарскиот министер на Муцунски

Не е можно повторно преговарање или заобиколување на постигнатите договори зад кои стои цела ЕУ. Ваква порака испратил бугарскиот министер...

Македонија21 час

Муцунски на средбата со бугарскиот колега ја отвори темата за македонското малцинство и нивните права

Прашањето за почитување на правата и слободите на припадниците на македонското малцинство во Бугарија и потребата од спроведување на одлуките...

Топ1 ден

Убиството во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица од кои три се во бегство

Осомничени се осум лица поради убиството во Чаир се случи ноќта помеѓу 10 и 11 февруари. Од нив шест се...

Македонија1 ден

Коцевски немал судир на интереси за ниту еден предмет – се огласи Обвинителството по обвинувањата на Милошоски

Обвинителството реагира дека тврдењата на пратеникот Антонијо Милошоски за поврзаност на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски со Иџет Мемети и Наќе...

Свет1 ден

Зеленски од Минхен: Путин планира напади врз други земји, на Европа и’ се потребни вооружени сили

Европските лидери треба да почнат да создаваат европска армија како одговор на военото засилување на Русија, изјави украинскиот претседател Володимир...

Топ1 ден

Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија, загинала жена

Тешка сообраќајка во која учествувал македонски државјанин се случила на магистралниот патен правец Прењас-Либражд. Според информациите на албанските медиуми,  до...

Македонија1 ден

СДСМ: Цените пораснаа за повеќе од 5 отсто, Владата е неспособна

Најновите податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека цените пораснале за 5,2 отсто. Споредено со јануари 2024 година трошоците...

Македонија1 ден

Велешанка заврши во притвор: каменувала дете, го удрила со нога во стомакот, а му се заканувала и на својот татко дека ќе го убие

Oбвинителството од Велес поведе постапка против 24-годишна велешанка која во изминатите неколку дена извршила повеќе кривични дела – Загрозување на...

Македонија1 ден

Извештајот на „Транспаренси“ докажува дека е потребна итна смена на oбвинителот Коцевски, смета ВМРО-ДПМНЕ

Извештајот на „Транспаренси“ е доказ за тоа дека е потребна итна смена на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ....

Свет1 ден

„Розите се црвени… ќе ве депортираме“: Честитка од Белата куќа за Денот на вљубените

Во САД Денот на вљубените се слави на 14 февруари, а Белата куќа не ја пропушти можноста да го честита...

Македонија2 дена

Во една удрил гром, во друга нема клима, половина од државните станици за квалитетот на воздухот не даваат целосни резултати

Половина од 22-те државните мерни станици за квалитетот на воздухот не даваат целосни резултати во ек на најголемо загадување на...