Свет
Истражувачите со жестоки критики кон стратегијата против Ковид-19 во Шведска
Група од 22 истражувачи објави писмо во кое се бара брза и радикална акција на шведската влада за да се спречи понатамошното ширење на Ковид-19 во земјата и можниот колапс на нејзиниот здравствен систем, пренесува РТ.
Во писмото се критикува владата поради стратегијата за колективен имунитет и се тврди дека шведските здравствени власти ја изневериле земјата зашто вовела само неколку, а и тие биле лабави ограничувања.
Според групата, Шведската агенција за јавно здравје барем четирипати потврди дека стапката на зараза во земјата нагло расте. „Тие не покажаа намера да ги менуваат своите препораки дури и кога кривата во Шведска почна радикално да се разликува од оние во соседните земји“, велат истражувачите.
За пример, Шведска има 11.445 потврдени случаи на инфекција со Ковид-19 и 1.033 смртни случаи. Во меѓувреме, цифрите кај соседите на Шведска, кои воведоа далеку построги мерки за движење и јавна активност, се далеку пониски. Нивните рестриктивни мерки вклучуваат затворање училишта, затворени барови, кафулиња и ресторани и сериозно ограничување на јавните собири.
Данска има регистрирано 6.706 заразени и 299 смртни случаи, Норвешка пријави 6.623 заразени и 139 смртни случаи, а Финска пријави 3.161 заразен и 64 смртни случаи. За разлика од своите нордиски соседи, Шведска одлучи да се потпре на социјалното дистанцирање и доброволното самоизолирање избегнувајќи какви било строги мерки наметнати од владата.
„Ова се случи затоа што добија дискутабилни пораки од јавното здравство и од избраните функционери. Ако не преземеме моќна акција сега, ќе треба да го сториме тоа подоцна“, вели Јан Лотвал, професор по клинички алергии на Универзитетот во Гетеборг.
Во своето последно писмо истражувачите ја повикуваат владата да воведе низа мерки, вклучително и итно затворање на училиштата и рестораните, масовно тестирање на здравствените работници и наметнат карантин во семејствата во случај на потврдена инфекција.
Сепак, човекот што стои зад владината стратегија, државниот епидемиолог Андерс Тегнел, не го дели нивното гледиште.
„Не разбирам што сакаат да кажат. Здравствениот систем има контрола врз ситуацијата. Ако ја видиме кривата, континуирано имаме 60-ина починати дневно. Имавме несреќен развој во грижата за стари лица и почнавме да работиме на тоа“, рече Тегнел.
Тегнел посочи на Њујорк, кој има приближно ист број жители како Шведска, но десет пати поголем број жртви, како пример за очигледен неуспех на мерките за ограничено движење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сè потензично меѓу Словачка и Украина: Зеленски и Фицо разговарале за руската нафта
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и словачкиот премиер Роберт Фицо телефонски разговараа во услови на зголемени тензии поради прекинот на испораката на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој минува низ Украина.
Од кабинетот на Зеленски соопштија дека претседателот го поканил Фицо во Украина за да разговараат за сите отворени прашања.
Словачка и Унгарија го обвинуваат Киев за одолговлекување со повторното пуштање во работа на нафтоводот, чиј дел во Украина беше оштетен во руски напади во јануари. Тие тврдат дека е поправен, но Зеленски посочи дека работите сè уште не се завршени и ја повика Будимпешта да разговара со Москва, која, според него, повеќепати го бомбардирала нафтоводот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека со Фицо формирале заедничка истражна комисија и побара Украина да дозволи унгарски и словачки инспектори да влезат во земјата. Во меѓувреме, Орбан го блокира заемот од 90 милијарди евра од Европската унија за Украина и нови санкции против Москва, сè додека не продолжат испораките преку „Дружба“.
Свет
Врховниот суд на Израел ја стопира владината забрана за хуманитарните организации во Газа
Израелскиот Врховен суд привремено ја блокира одлуката на владата со која на 37. меѓународни хуманитарни организации, меѓу кои и „Лекари без граници“ и Норвешкиот совет за бегалци, им беше наложено да го прекинат работењето во Газа и на Западниот Брег, освен ако не ги прифатат новите услови, вклучително и доставување список на палестински персонал.
Седумнаесет здруженија пред шест дена побараа од судот итно укинување на одлуката, предупредувајќи на тешки хуманитарни последици.
Со привремената одлука на судот, организациите ќе можат да продолжат со поголемиот дел од активностите додека не се донесе конечна пресуда. Израелските власти тврдат дека мерката е неопходна за да се спречи злоупотреба на хуманитарната помош од палестински вооружени групи.
Свет
„Политико“: Демократите бараат итно објавување на транскриптот од сведочењето на Хилари Клинтон
Демократите во Претставничкиот дом бараат целиот транскрипт од сослушувањето на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон пред членовите на Надзорниот комитет, во врска со истрагата за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, да биде објавен во рок од 24 часа.
Како причина за ова барање, демократите ја наведуваат ограничената транспарентност на постапката зад затворени врати, пишува американскиот „Политико“.
Демократските конгресмени Роберт Гарсија, Јасамин Ансари, Весли Бел, Сухас Субрамањам и Џејмс Вокиншо, кои се и членови на Надзорниот комитет на Претставничкиот дом што го спроведе сослушувањето, го поднесоа ова барање, но како што е наведено, веројатноста за објавување на транскриптот во толку краток временски период е многу мала.
Постапката бара судскиот записничар да го врати транскриптот во Комитетот по неколку дена, а правниот тим на Клинтон мора да го разгледа пред да биде објавен.
Сепак, демократите бараат итно објавување на транскриптот бидејќи Хилари Клинтон побара сослушувањето да биде отворено за јавноста, што беше одбиено.
Гарсија, исто така, рече дека Клинтон одговорила на сите прашања за време на сослушувањето и дека не се повикала на Петтиот амандман и дека не дала никакви информации што би биле корисни за истрагата на комисијата.
„Сведоци сме на неверојатно лекомислена кловновска претстава на сослушувања каде што членовите на Конгресот и Републиканската партија се повеќе загрижени за добивање можност за фотографирање со секретарката Клинтон отколку за тоа да дојдат до вистината и да повикаат некого на одговорност“, им рече Ансари на новинарите.

