Свет
Истурила отров во кашата на децата, на едно дете му откажале сите органи: откриен идентитетот на наставничка погубена во Кина
Поранешна учителка Ванг Јун (39) била погубена во централна Кина бидејќи пред четири години истурила отров со натриум нитрит во детска каша поради што едно дете починало, а 24 имале здравствени проблеми, објавија денеска кинеските државни медиуми.
Ванг неуспешно поднела жалба на казната првично изречена во септември 2020 година од Средниот народен суд во градот Џиаозуо, провинцијата Хенан.
Вчера, истиот суд го потврдил нејзиниот идентитет, била спроведена на извршител и била извршена смртната казна, се наведува во судското соопштение.
Во март 2019 година Ванг купила малку натриум нитрит по кавга со колега. Во јануари 2020 година едно од децата починало кога му откажале органите како последица на труење.
Покрај тоа, 24 деца имале помали здравствени проблеми, објавија кинеските државни медиуми.
Меѓународната организација за човекови права Анести интернешнл“ проценува дека Кина погубува илјадници луѓе годишно, но не објавува податоци за тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
На социјалните мрежи е објавена фотографија од апсењето на Мадуро, не се знае дали е реална
На социјалните мрежи е објавена фотографија од апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на американски специјалци.
Засега нема официјална потврда за автентичноста на фотографијата, ниту кој е изворот.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека САД извршиле воздушни напади врз Венецуела и рече дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е „заробен и изнесен од земјата“.
– Соединетите Американски Држави успешно извршија голем напад врз Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој, заедно со неговата сопруга, беше заробен и изнесен од земјата“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social.
Според американските медиуми, апсењето на Мадуро го ивршиле припадници на специјалната единица „Делта форс“.
Свет
Срби, Италијанци, Швајцарци… загинаа во пожарот во Кран Монтана
Швајцарската полиција го објави идентитетот на првите жртви на катастрофалниот пожар што се случи на новогодишната прослава во бар во зимскиот центар Кран Монтана, во кој загинаа најмалку 40 луѓе, а 119 се повредени. Телата на две Швајцарки на возраст од 21 и 16 години и на двајца Швајцарци од 18 и 16 години им се предадени на нивните семејства, кажа полицијата.
Досега е потврден идентитетот на 113 од повредените и меѓу нив се 71 Швајцарец, 14 Французи, 11 Италијанци, четворица Срби и по еден државјанин на БиХ, Белгија, Луксембург, Португалија и Полска. Се верува дека една од најголемите трагедии во историјата на Швајцарија била предизвикана од прскалките поставени на шишиња шампањ кога премногу биле приближени до плафонот на преполниот бар. Јавната обвинителка на регионот Вале, Беатрис Пилу, изјави дека истрагата ќе се фокусира на материјалите што се користеле на локацијата, мерките за противпожарна безбедност во барот, неговиот капацитет и бројот на луѓе внатре во моментот на пожарот.
„Истрагата ќе утврди дали ќе бидат потребни обвиненија. Доколку е тоа случај и ако тие луѓе се живи, ќе биде отворена постапка против нив“, рече Пилу.
Еден од сопствениците на барот изјавил за локалните медиуми дека објектот бил прегледан од инспектори трипати во последните десет години и дека сè било според прописите.
Свет
Властите во Каракас не знаат каде се Мадуро и неговата сопруга
Властите во Каракас денеска соопштија дека не знаат каде се наоѓаат претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес.
Венецуелската потпретседателка Делси Родригез, зборувајќи на државната телевизија, кажа дека не знае каде е Мадуро. Таа рече дека владата бара „итен доказ дека се живи“ и за Мадуро и за неговата сопруга.
Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека САД извршиле голем воен напад врз Венецуела и ги заробиле претседателот Мадуро и неговата сопруга.
Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social изјави дека Мадуро и Флорес биле заробени и изнесени од земјата во операција спроведена со учество на американските агенции за спроведување на законот.

