Свет
Исчезна шестгодишно девојче во Јужна Африка, мајката обвинета дека ја продала на исцелител
Мајката на шестгодишното девојче што исчезна во Јужна Африка на 19 февруари е обвинета за трговија со луѓе и киднапирање. Кели Смит беше обвинета заедно со нејзиното момче Жакен Аполис и уште две лица.
Џослин Смит исчезна пред својот дом во заливот Салдана, во близина на Кејп Таун. Обвинителството тврди дека мајката ги испратила Аполис и уште еден од обвинетите, Стефан ван Рин, да ја продадат Џослин на традиционален исцелител за 20.000 ранди (1.000 долари, околу 980 евра), пишува Би-би-си.
Во Африка на секои пет часа исчезнува по едно дете, но повеќето од нив се пронајдени. Џослин сè уште не е пронајдена и покрај тоа што морнарицата е вклучена во потрагата. Во саботата истражителите пронајдоа крвава облека на поле во близина на местото каде што исчезна Џослин.
Кели Смит и нејзините сообвинети ќе останат во притвор до 13 март кога повторно треба да се појават на суд. Сите рекоа дека ќе побараат правна помош. Пред апсењето мајката изјави за „Дејли воис“ дека верува оти ќерка ѝ ќе биде пронајдена.
„Моите мајчински инстинкти ми кажуваат дека ќерка ми е сè уште жива. Ќе ја најдеме. Ќе барам во секоја колиба. Сама ќе го сторам тоа ако треба“, рекла таа. Властите понудија награда од 100.000 ранди (околу 4.900 евра) за секој што може да даде информации за тоа каде се наоѓа девојчето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Словенечкиот премиер најави построги безбедносни мерки по убиството
Словенечкиот премиер Роберт Голоб најави засилување на безбедносните мерки и измени во казнената политика по смртта на 48-годишен маж во Ново Место, кој почина по напад, пренесе „Индекс“.
Во телевизиско обраќање, Голоб рече дека државата ќе направи сè за да ја заштити безбедноста на граѓаните, но предупреди дека „репресивните мерки нема да бидат популарни“.
Тој најави двојно зголемено полициско присуство во југоисточниот дел на земјата и рече дека сите институции – полицијата, обвинителството и судството – ќе добијат поголеми овластувања.
„Овој сторител не стана таков преку ноќ. Тој е производ на систем што не функционирал. За да го смениме тоа, ќе биде потребна цела генерација“, изјави Голоб.
Премиерот ги повика сите политички лидери да покажат одговорност и да не ја користат трагедијата за собирање политички поени.
Регион
Курти не успеа да формира влада
Лидерот на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти, соопшти дека актуелната влада ќе продолжи да функционира до одржување на нови парламентарни избори, откако денеска во косовското Собрание не доби доволен број гласови за формирање нов кабинет, пренесе „Фонет“.
„Им благодарам на сите пратеници кои го поддржаа предлогот за новата влада и на граѓаните за поддршката. Бидејќи 56 гласа беа за, 52 против, а четворица воздржани, новиот мандат не може да започне. Во меѓувреме, како актуелна влада продолжуваме кон новите парламентарни избори“, напиша Курти на „Фејсбук“, пренесе „Косев“.
По гласањето, претседателот на Собранието, Димал Баџа, изјави дека одговорноста сега преминува на претседателката Вјоса Османи, која најави консултации со сите партии. Доколку не биде формирана влада, Османи ќе распише нови избори во рок од 40 дена.
Опозициските партии веќе порачаа дека нема да се обидат да формираат влада, бидејќи немаат мнозинство.
Свет
Гувернерот на Калифорнија сака да биде претседател на САД
Гувернерот на Калифорнија, демократот Гавин Њусом, изјави во интервју за „Си-Би-Ес“ дека сериозно размислува за кандидатура за претседател на САД во 2028 година, пренесе „Хина“.
Тој нагласи дека конечната одлука ќе ја донесе по изборите за Претставничкиот дом и Сенатот во 2026 година. „Да, би лажел кога би рекол поинаку“, рече Њусом на прашањето дали планира да се кандидира.
Како што потсетува агенцијата, Њусом оваа година ја зацврсти својата позиција во Демократската партија, особено поради честите судири со актуелниот претседател Доналд Трамп.
Инаку, според Уставот на САД, Трамп нема право на трет претседателски мандат.
Изборите за американскиот Конгрес ќе се одржат во ноември 2026 година.
California Gov. Gavin Newsom says he’s open to a presidential run.
The Democrat and frequent Trump critic said he’ll give serious thought to a White House bid after next year’s midterms. “I’d be lying otherwise,” Newsom said, adding that “fate will determine” his decision and a… pic.twitter.com/uD8OqNrnHE
— CBS Sunday Morning 🌞 (@CBSSunday) October 26, 2025

