Свет
Италијанската коалициска влада пред раскол поради можното судење на Салвини
Италијанското движење Пет ѕвезди отвори онлајн анкета за да одлучи дали да го блокира потенцијалното судење на лидерот на Лига и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, за наводно киднапирање и злоупотреба на власта, пренесува „Локал“.
Обвинителството во Јужна Италија бара истрага за однесувањето на Салвини откако тој одби да дозволи мигранти да се симнат од брод за спасување.
Движењето Пет ѕвезди и Лига владеат во тензична коалиција од јуни, но често се во судир околу клучните изборни ветувања.
Движењето Пет ѕвезди се гордее со чесноста и отсекогаш е против политичарите кои ги користат своите пратенички привилегии да избегнат судски процеси. Претходно од партијата изјавија дека секој министер обвинет за криминал треба да поднесе оставка, но сега не сакаат да го вознемират својот коалициски партнер, а коментаторите сметаат дека партијата веројатно ќе гласа за блокирање на судењето.
Во службениот блог на движењето Пет ѕвезди се вели дека овој случај е различен од случаите во кои министрите се обидувале да се извлечат со „мито, измама или местење на пазарите” бидејќи Салвини ја вршел својата работа и не дејствувал за личен интерес.
Лидерот на движењето, Луиџи ди Мајо, изјави дека Салвини дејствувал со целосна поддршка од коалицијата и дека ќе дека ќе оди на суд заедно со него.
Случајот се однесува на бродот „Дичоти“, кој беше оставен во неизвесност 10 дена во август откако примил повеќе од 150 луѓе, вклучувајќи и деца, на кои Салвини одби да им дозволи да слезат во Италија. На бродот на крајот му беше дозволено да се истовари на Сицилија откако Католичката црква издејствува договор со Ирска и со Албанија да ги прифатат мигрантите.
Сенатскот комитет треба да расправа за ова прашање денес, по што Сенатот ќе гласа, а сенаторите на движењето Пет ѕвезди ќе се раководат од резултатот од онлајн анкетата. Последниот збор за тоа дали Салвини може да го задржи својот пратенички имунитет го има парламентот.
Салвини, чија партија има поголем рејтинг од движењето Пет ѕвезди, во неделата изјави дека не е загрижен поради гласањето бидејќи тој дал збор дека владата нема да падне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

