Европа
Италијанскиот премиер: Ердоган е диктатор, тој сакаше да ја понижи Фон дер Лајен

Италијанскиот премиер, Марио Драги, го обвини турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека неделава сакал да ја понижи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и рече дека треба да се настапува отворено со диктаторите, што предизвика осуди од Анкара.
Турскиот претседател Ердоган во вторникот во Анкара ги прими претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, а на снимка од почетокот на тој состанок се гледа дека за Мишел беше наменет столот веднаш до Ердоган, додека, пак, Фон дер Лајен мораше да се смести на каучот, поставен малку подалеку.
„Апсолутно не се согласувам со однесувањето на Ердоган кон претседателката Фон дер Лајен… Мислам дека тоа не беше соодветно однесување и многу ми беше жал за понижувањето што Фон дер Лајен мораше да го претрпи“, изјави Драги пред новинарите.
„Во оваа смисла, треба да ги наречеме тоа што се – диктатори, со кои сепак мора да се прават координации, мора да се биде отворен кога се искажуваат различни ставови и мислења“, додаде тој.
Турското Министерство за надворешни работи го повика италијанскиот амбасадор во Анкара во врска со изјавата на Драги, а министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу остро го критикуваше овој коментар.
„Силно го осудуваме неприфатливиот популистички говор на назначениот италијански премиер Драги и неговите грди и неумерени коментари во врска со нашиот избран претседател“, напиша Чавушоглу на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украинците нападнаа фабрика на рускиот хемиски гигант на 1.700 километри од фронтовската линија

Украинските беспилотни летала синоќа ја нападнаа хемиската фабрика „Азот“ во рускиот Пермски регион, на повеќе од 1.700 километри од украинската граница, потврди регионалниот гувернер Дмитриј Махоњин, објави „Киев Индепендент“.
💥Russian “Uralchem Azot” plant in Berezniki, Perm Krai, was hit — around 1,600km from the frontline, one of the longest-range strikes so far. It’s among Russia’s biggest fertilizer producers, making ammonia, urea and ammonium nitrate.
These chemicals also serve in explosives… pic.twitter.com/33hqqUYZzi
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) October 2, 2025
Нападот привремено го запре производството во фабриката, која е меѓу најголемите руски производители на азотни ѓубрива, но е и клучен снабдувач на хемикалии што се користат во земјоделството и експлозиви.
Фабриката „Азот“, која се наоѓа на границата помеѓу европскиот и азискиот дел на Русија, произведува амонијак, уреа, амониум нитрат и други хемиски соединенија. Минатата година, компанијата пријави рекордно производство од повеќе од 2,3 милиони тони производи.
Ukrainian drones reportedly struck the Azot chemical plant in Berezniki, Perm Krai overnight. A short disruption to production was confirmed by local authorities. Explosions were heard near the facility, which stores ammonium nitrate. https://t.co/LXcOQYPwpJ pic.twitter.com/3tBuy6Pq46
— WarTranslated (@wartranslated) October 3, 2025
„Според најновите информации, нападот со непријателски беспилотни летала бил извршен ноќе… Имало краток застој во технолошкиот циклус во ‘Азот’“, изјави гувернерот Махоњин.
„Специјалистите за итни служби продолжуваат да работат на местото на настанот, а формиран е и оперативен штаб“.
фото: принтскрин
Европа
Путин се сретна со Додик

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со Милорад Додик на маргините на 22-от годишен форум на Меѓународниот дебатен клуб Валдај во Сочи. За време на состанокот, Путин ја опиша ситуацијата во Република Српска како сложена.
„Многу ми е драго што повторно се сретнав со вас, овој пат во Дебатниот клуб Валдај во Сочи. Неодамна, на 15 септември, го прославивте Денот на српското единство. Би сакал да ви честитам. Знам дека ситуацијата во вашата земја е исклучително тешка. Дури може да се каже дека е сложена“, рече Путин, додавајќи дека сака да ја чуе оценката на Додик.
Во исто време, рускиот лидер нагласи дека неговиот соговорник прави многу за градењето односи со Русија. Пред оваа средба, Путин зборуваше на форумот на дебатниот клуб, а Додик беше почесен гостин.
Додик беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност од страна на Судот на Босна и Херцеговина, по што Централната изборна комисија му го одзеде мандатот како претседател на РС. Предвремените избори за негов наследник ќе се одржат на 23 ноември.
Европа
Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

Воздушниот сообраќај беше прекинат преку ноќ на аеродромот во Минхен поради прелет на дрон, чие потекло се истражува, изјави портпарол на германската полиција за АФП, откако неколку европски земји пријавија воздушни упади што ѝ се припишуваат на Русија.
Според соопштението на аеродромските власти, 17 летови што требало да тргнат од Минхен беа откажани таа вечер, што влијаеше на речиси 3.000 патници. Сè уште не е познато кога летовите ќе бидат обновени.
Петнаесет летови што требаше да слетаат во Минхен беа пренасочени и кон Штутгарт, Нирнберг, Виена или Франкфурт.
Во четврток околу 21:30 часот, неколку лица забележаа дронови во близина на аеродромот, потврди портпаролот на полицијата.
Баварските власти започнаа истрага за да ги идентификуваат дроновите и нивното потекло.
Потоа дроновите повторно беа забележани, овој пат над аеродромската област, што доведе до затворање на обете писти околу 20:30 часот.
И покрај интервенцијата на полициските хеликоптери, „нема достапни информации за видот и бројот на дроновите“ или нивното потекло, изјави портпаролот.
Инцидентот се случил пред последниот викенд од Октоберфест, кој привлекува стотици илјади луѓе во Минхен секој ден.
Фестивалот на пивото во баварскиот град беше затворен половина ден во среда поради закана со бомба.
фото: принтскрин