Свет
Италијански свештеник осомничен во повеќе од 1.000 случаи на фалсификување документи за мигранти
Италијанската полиција поврза еден парохиски свештеник од диецезата во Падова со операцијата за фалсификување, со која повеќе од 1.000 Бразилци незаконски купиле документи за италијанско државјанство во вредност од пет милиони евра, пренесува „Ил џорнале“.
Истрагата за групата која наводно им помагала на луѓето нелегално да ги добијат италијанските документи, се одвивала во текот на минатата година, а како резултат на тоа полицијата уапсила седум Бразилци во општината Вербанија во Пиемонте.
Секој пакет-документи, во рамките на кој групата нудела, дури и еднодневни патувања на езерото Маџоре и дегустации на локалната храна и пијалаци за своите клиенти, ги чинел Бразилците околу 7.000 евра, кои се плаќале во готовина.
Седум од „новите“ Италијанци, дури и позирале со своите нови пасоши пред градското собрание во Вербанија и ги објавиле фотографиите на социјалните мрежи. За неколку бразилски клиенти се вели дека ги користеле пасошите за влез во САД и Канада поради порелаксираниот визен систем за земјите членки на Европската Унија.
Свештеникот, кој беше уапсен, помогнал во фалсификувањето потврди за крштевање во замена за пари.
Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, ѝ честита на полицијата за апсњето велејќи дека се потребни контроли и почитување на законите за државјанство.
Полициската акција доаѓа во момент кога дебатата за право на државјанство со раѓање, познато и како jus soli, повторно е актуелна во Италија по сознанијата дека 13-годишниот Рами Шехата, момчето што спаси 51 деца од пожарот предизвикан од емигрант од Сенегал, не било италијански државјанин иако е родено во Италија.
Демократската партија, која е поддржувач на правото на државјанство со раѓање, ја искористи ситуацијата за да се залага за политиката, а Салвини посочи дека државјанството може да му биде доделено на Шехата како исклучок од сегашниот закон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

