Свет
Италијанците открија храм стар 4.000 години на Кипар

Италијанските археолози открија храм стар 4.000 години во селото Ерими на Кипар.
„Тоа е најстариот свет простор што некогаш е пронајден на островот“, рече археологот Лука Бомбардиери, кој ги води ископувањата веќе 15 години, кои се изведуваат во соработка со Одделот за антиквитети на Кипар и Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка, пренесува „Анса“.
Според него, новооткриениот храм фрла ново светло на модерниот живот на заедницата на занаетчии, кои живееле пред четири милениуми, само неколку века пред да бидат изградени првите градови на островот.
При ископувањето биле пронајдени останки на млада жена, која била убиена и заѕидана дома, што, според археолозите, било направено за да не ѝ се врати духот и да ги вознемири живите.
Бомбардиери рече дека не е јасно дали во тоа време имало свештеник на тоа место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Бројот на загинати во Газа надмина 50.200

Најмалку 25 Палестинци загинаа во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, со што вкупниот број на жртви од израелската офанзива од октомври 2023 година се искачи на 50.208, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Во соопштението се наведува дека во последните 24 часа во болниците биле примени уште 82 ранети лица, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 113.910.
„Многу загинати сè уште се заробени под урнатините и на улиците, бидејќи спасувачките екипи не можат да им пристапат“, се додава во извештајот на Министерството.
Израелската војска на 18 март изврши изненаден воздушен напад врз Појасот Газа, во кој загинаа 855 лица, а речиси 1.900 се повредени, и покрај прекинот на огнот и договорот за размена на затвореници што беше постигнат во јануари.
Регион
Додик се сретна со Нетанјаху

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Додик го поздрави и разговараше со израелскиот премиер Нетанјаху, кој е говорник на Меѓународната конференција за борба против антисемитизмот, на која присуствува и претседателот на Република Српска, пренесува РТРС.
Претходно на конференцијата Додик зборуваше за пораките за поддршка од Република Српска за Израел и рече дека високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит се обидел да го спречи неговото доаѓање на конференцијата.
Свет
Ватикан: Папата Франциско продолжува да ја води црквата, но можеби не како пред болеста

Папата Франциско ќе продолжи да ја води Католичката црква, но можеби не на ист начин како пред здравствената криза поради која беше во болница 38 дена, изјави денеска државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин.
Тој рече дека постојано добива пораки од верниците кои се молат за здравјето на папата и способноста да продолжи со својата работа, пренесува Анса.
„Можеби не како порано, ќе треба да најдеме различни начини, но начин на кој тој сепак ќе може да го направи тоа“, рече Паролин.