Свет
Италија повеќе нема да прифаќа илегални мигранти
Шефот на италијанската дипломатија, Луиџи ди Мајо, предупреди дека Италија повеќе нема да прифаќа илегални мигранти, што претставува радикален пресврт за левичарската коалициска влада на Италија, пренесува „Фигаро“.
Министерот Ди Мајо неделава се сретна со тунискиот претседател Каис Сајед заедно со министерката за внатрешни работи, Лусијана Ламоргезе, и двајца европски комесари. По состанокот, Ди Мајо изјави дека Италија целосно ќе го поддржува Тунис во борбата со нелегалната миграција.
Ди Мајо додаде дека нема сомнеж оти оние што пристигнуваат во Италија ќе бидат принудени да заминат и додаде дека и Италија и Тунис се активно вклучени во преговори за изнаоѓање формули за билатерална соработка.
Италија има за цел да ги зајакне политичките и економските врски со Тунис и вети финансиска поддршка за зголемување на работните места во внатрешните региони на земјата за да го спречи економскиот поттик за илегална миграција.
Италија минатата година забележа пораст од 150 отсто на новите пристигнувања на мигранти. Во последните неколку недели, голем пораст има кај мигрантите кои пристигнуваат на островите Лампедуза и Сицилија, а огромно мнозинство од нив доаѓаат од Тунис.
Кон крајот на минатиот месец беше објавено дека мигрантските чамци пристигнуваат на Лампедуза во просек на секој час, а локалниот градоначалник Тото Мартело се закануваше дека ќе прогласи вонредна состојба поради големиот прилив.
Само неколку дена подоцна, Мартело рече дека на островот нема простор за карантин за мигрантите кои може се заразени со Ковид-19. Во Центарот за прием на мигрантите на островот, изграден за сместување на 95 мигранти, претходно месецов беа сместени најмалку 950.
Грција, која исто така беше жариште за пристигнувањата на мигрантите, во последните месеци зазеде построг пристап кон мигрантите, спречувајќи премин на десетици илјади на почетокот од оваа година, пред избувнувањето на пандемијата на коронавирус.
Во последните недели, и Велика Британија забележа голем прилив на мигранти, а иако владата на премиерот Борис Џонсон изјави дека размислува да ја распореди Кралската морнарица за да ги врача чамците, досега мигрантите непречено пристигнуваат на британските брегови речиси секој ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Свет
Русија нудела размена на Венецуела за Украина, тврди поранешна советничка на Трамп
Уште во 2019 година, руски функционери наводно му сигнализирале на Вашингтон дека се подготвени за необичен договор: ќе им дозволат на САД слободно дејствување во Венецуела, доколку за возврат им се овозможи непречена контрола над Украина. Ова го тврди Фиона Хил, поранешна советничка на Доналд Трамп, која повторно се најде во фокусот на јавноста по неодамнешниот американски напад врз Венецуела, пишува „Киев индипендент“.
Фиона Хил, тогашна главна советничка на Белата куќа за Русија, ги изнела овие детали за време на сведочењето пред Конгресот во ноември 2019 година, во рамки на истрагата за импичментот на претседателот Трамп. Според неа, Кремљ во април истата година ја изнел можноста да се откаже од своето влијание во Венецуела, во замена за целосна контрола над Украина.
Руски функционери, како што навела Хил, „многу силно сигнализирале дека сакаат некако да направат многу чуден договор за размена меѓу Венецуела и Украина“. Иако предлозите од Москва биле „неформални“, пораката била недвосмислена: „Знаете, вие ја имате вашата Монро доктрина. Нè сакате надвор од вашиот двор. Па, знаете, и ние имаме наша верзија на тоа. Вие сте во нашиот двор во Украина“. Хил додала дека била испратена во Русија за да го отфрли тој предлог.
Свет
Би-би-си: Европските лидери стравуваат да не ја изгубат поддршката на Трамп поради Гренланд
На состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз, посветен на мировниот план за Украина, во фокусот неочекувано се најде зголемената тензија околу Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го стави под контрола на САД, пишува Би-Би-Си.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека планот за мир е „90 отсто завршен“, европските лидери избегнувале директна конфронтација со Трамп, стравувајќи од губење на американската поддршка. По заедничка изјава на шест европски земји дека иднината на Гренланд треба да се решава колективно во рамки на НАТО и дека одлуката ѝ припаѓа на Данска, Белата куќа возврати дека „разгледува низа опции“, вклучително и купување на островот.
Дополнителна загриженост предизвика изјавата дека употребата на американската војска „секогаш е опција“. Европските лидери предупредуваат дека ваквите закани ја доведуваат во прашање довербата во трансатлантскиот сојуз и ја откриваат слабоста и поделеноста на Европа. Според експерти, ситуацијата околу Гренланд претставува сериозен тест за ЕУ и егзистенцијална дилема за НАТО.
Фото: Depositphotos

