Свет
Италија со амнестија им доделува шестмесечен престој на нелегалните мигранти
Италијанската влада продолжува со идејата за амнестија на илјадници нелегални имигранти иако многумина во парламентот се залагаа за престој само за нелегалните мигранти работници, пренесува „Ил џорнале“.
Нацртот-указот за амнестија беше објавен неделава од италијанските медиуми. Со документот се бара да им се издадат шестмесечни дозволи за престој на мигрантите што работат во сектори, како земјоделството и домашна работа. Матео Салвини од Лига ја нападна предложената амнестија укажувајќи на милиони невработени Италијанци на кои им е потребна работа повеќе од илегалците.
Членовите на Движењето Пет ѕвезди (М5С), кои ја формираат владејачката коалиција со левичарските демократи (ПД), побараа дозволите за престој да им бидат издадени само на работниците и за период единствено од еден месец.
За дозволите ќе треба да се исполнат неколку барања и ќе им бидат доделени само на нелегални мигранти што може да докажат дека веќе работеле во Италија.
„Привремени дозволи само за оние што веќе имале договор за вработување во 2019 година“, рече потсекретарот за внатрешни работи, Карло Сибилија.
И партијата Движење Пет ѕвезди и Италија вива, мала партија предводена од поранешниот премиер Матео Ренци, изјавија дека декретот не е општа амнестија, туку здрав разум. Висок член на Лига ја предупреди владата за потенцијален хаос ако ги спроведе плановите за доделување амнестија на 700.000 нелегални мигранти.
Помеѓу 500.000 и 600.000 мигранти би можеле да бидат опфатени со новиот указ, но дозволите за престој ќе бидат одбиени ако работодавецот на мигрантот е осуден за помагање нелегална миграција во последните пет години или се ангажирал за регрутирање мигранти за проституција или други нелегални активности.
Мигрантите за кои има налог за депортација и оние што се сметаат за закана за италијанската јавна безбедност исто така се исклучени од амнестијата.
Популистичкиот сенатор Матео Салвини вети дека ќе се бори против амнестијата велејќи:
„Наместо да обезбеди работни места за милиони невработени Италијанци и за многуте редовни и угледни мигранти присутни во Италија, владата мисли на амнестија на илјадници нелегални имигранти“.
Сенаторот Стефано Кандијани, исто така член на Лига, додаде:
„Ние ќе сториме сè што е демократско во наша можност да го запреме овој злобен проект, ќе собереме потписи, ако е потребно, да закажеме референдум и да ги принудиме на гласање, а Италијанците ќе ги казнат строго“.
Амнестијата на нелегалните мигранти е проблем за кој левичарската италијанска коалиција размислуваше долго пред пандемијата на коронавирусот и беше иницирана уште во јануари од страна на министерката за внатрешни работи, Лусијана Ламоргезе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

