Свет
Итно обраќање на израелската армија: Подготвени сме
Израелската армија излезе со итно соопштение. Тие велат дека се подготвени да се справат со иранските беспилотни летала веднаш штом пристигнат.
Иран го нападна Израел со лансирање на десетици беспилотни летала, а се проценува дека ќе им требаат неколку часа за да го поминат растојанието и да стигнат до целите.
Ирански напад врз Израел се очекува веќе неколку дена, откако Израелците го погодија иранскиот конзулат во Сирија.
Израелските власти претходно изјавија дека се подготвени да се одбранат и дека очекуваат ирански напад. Во таа насока, тие забранија собири низ целата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Катар: Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и враќање на заложниците во мирување
Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и враќање на заложниците на Израел и Хамас се уште се во мирување, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед Ал-Ансари.
Во врска со одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да побара налог за апсење на израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху, како и на тројцата лидери на Хамас, Ал Ансари рече дека е прерано да се коментира директно.
Тој сепак нагласи дека сите држави и организации кои се одговорни за смртта на цивилното население треба да сносат одговорност, пренесува Ројтерс.
Свет
Сергеј Лавров: Зеленски со речиси хистеричен тон побара поддршка за неговата формула за мир
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на разговорот со странските амбасадори во Киев за мировната конференција во Швајцарија, со повишен глас, „речиси хистерично“ побара поддршка за неговата мировна формула, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„На крајот на април, зборувајќи пред странските амбасадори во Киев за швајцарската идеја за конференција, според некои учесници, Зеленски поголемиот дел од времето го поминувал хаотично во импровизирање со повишен, речиси хистеричен тон, барајќи поддршка за својата формула за мир како средство за фрлање на Русија на колена“, рече Лавров на прес-конференцијата по министерскиот совет на Шангајската организација за соработка (ШСО) во Казахстан.
Шефот на руската дипломатија истакна дека „личноста која не чувствува потреба да се контролира, почнува да ја кажува вистината“, што укажува дека Москва има можност да добие информации кои „вообичаено не се за објавување“, пренесува РИА Новости.
Свет
ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција
Земјите-членки на Европската унија денеска го одобрија законот кој има за цел усогласување на правилата за вештачка интелигенција, таканаречениот Закон за вештачка интелигенција.
Тоа е прв акт од ваков вид во светот, кој може да постави глобални стандарди за законодавството за вештачка интелигенција, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.
Новиот закон има за цел да ги поттикне приватните и јавните актери да развијат и усвојат безбедни и сигурни системи за вештачка интелигенција на единствениот пазар на ЕУ.