Свет
Итно подигнати авионите на НАТО за да го заштитат воздушниот протстор на Полска, соопшти војската

Оперативната команда на полската војска објави дека полските и борбените авиони на НАТО се подигнати за да го заштитат воздушниот простор на земјата по извештаите за руски ракетни напади врз Украина.
Во своето соопштение за мрежата Икс, тие истакнаа дека се започнати сите потребни процедури за безбедност на полскиот воздушен простор.
Тие ги предупредија граѓаните дека нивото на бучава може да се зголеми во југоисточниот дел од земјата.
Светските медиуми потсетуваат дека руските сили во текот на ноќта и утрото извршија ракетни напади врз неколку украински региони, а гувернерот на Одесската област, Олех Кипер објави дека во пет часот по локално време одекнале експлозии во Одеса.
Воздухопловните сили на Украина предупредија на опасност од руските крстосувачки ракети и беспилотните летала Шахид, а предупредувањето за воздушна опасност беше широко активирано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Земјотресот во Мјанмар ослободил енергија еднаква на 334 атомски бомби

Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што во петокот го погоди Мјанмар испуштил енергија што е еквивалентна на повеќе од 300 експлозии на атомски бомби, изјави геологот Џес Феникс за Си-Ен-Ен.
Таа, исто така, предупреди дека последователните потреси би можеле да продолжат со месеци.
„Моќта ослободена од ваков земјотрес е околу 334 атомски бомби“, рече Феникс.
MASSIVE ground rupture/crack has appeared in Myittha, Mandalay Region, following the powerful M7.7 earthquake in Myanmar 😱👀 pic.twitter.com/vFlPet0XPH
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) March 28, 2025
Таа објасни дека потресите ќе продолжат бидејќи индиската тектонска плоча сè уште се спушта под евроазиската плоча во областа Мјанмар.
Феникс додаде дека размерите на уништувањето дополнително ќе се влошат со граѓанската војна во земјата.
Во земјотресот загинаа над 1.000 луѓе.
Регион
Драма на небото над Хрватска: авион полета за Фанкфурт, па се врати назад за 20 минути

Авион на „Кроација ерлајнс“ кој утринава полета од Загреб за Франкфурт се врати на аеродромот „Фрањо Туѓман“ по само 20 минути лет, јавуваат патниците.
Авионот морал да се врати поради технички проблеми.
„Мала техничка неисправност. Сега седиме во авион во Загреб“, вели патникот, пренесе „Вечерњи“.
Како што се додава станува збор за авион „Даш 8“, кој е дел од националниот превозник од 2008 година, што значи дека лета веќе 17 години.
За таков модел, тоа е приближно две третини од работниот век, што во Европа е во просек 25 години.
Авионот е еден од петте вакви турбопромотори што ги има Хрватска во својата флота, 9A-CQA е најстар. Во последните седум дена имаше во просек по седум лета дневно.
Свет
(Видео) Жена се породи на улица, болницата евакуирана по силниот земјотрес

Жена се породи на улица во Бангкок вчера, откако болницата во која се наоѓала била евакуирана поради силниот земјотрес во Мјанмар.
Таа лежела на носилка, опкружена со медицински персонал кој и помогнал да се породи на отворено.
Поради земјотресот, евакуирани се повеќе болници.
Footage during the earthquake in #Bangkok a baby was born in the park 😭 Waht a story to tell ‘’ I was born during the earthquake ‘’ #แผ่นดินไหว #earthquake #myanmarearthquake #bangkokearthquake #ตึกถล่ม pic.twitter.com/7E0FdzfPEf
— Miia 🩵 (@i30199) March 28, 2025
Пациентите биле преместени во блискиот парк, вклучувајќи ги и оние на носилки и во инвалидски колички. Вработените во болницата продолжија да се грижат надвор, пред зградите на установата.
Земјотресот што го погоди Мјанмар беше еден од најразорните во последните сто години.
Според Геолошкиот институт на САД (USGS), епицентарот бил на 17 километри од Мандалеј. Бројот на загинати се искачи на повеќе од 1.000, а спасувачите се уште трагаат по преживеани под урнатините. Воената хунта прогласи вонредна состојба и повика на помош, додека ОН потврдија дека се во контакт со властите.