Свет
И Горниот дом на италијанскиот парламент ѝ изгласа доверба на владата на Мелони

Горниот дом на италијанскиот парламент ѝ изгласа доверба на новата влада на премиерката Џорџа Мелони.
Пратениците на Долниот дом ѝ изгласаа доверба на новата влада во вторникот вечерта. Во Сенатот синоќа 115 пратеници се изјаснија за новата коалициска влада на Мелони, додека 79 беа против, а пет беа воздржани, пренесува АП.
Во вторникот, во своето прво обраќање во парламентот, Мелони рече дека новата италијанска влада нема да прифати уцена од рускиот претседател Владимир Путин и оцени дека земјата се соочува со некои од најтешките предизвици од Втората светска војна.
Мелони во своето обраќање во парламентот рече дека нејзината националистичка, десничарска коалиција ќе направи нејзиниот глас да се слушне во Европа и дека не ѝ треба никаков надзор од странски влади. Таа нагласи дека ќе ја продолжи политиката на поранешниот премиер Марио Драги во поддршката на Украина во конфликтот со Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видео врска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија денес израелските медиуми, а снимки од разговорите циркулираат и на социјалните медиуми.
All morning video call recordings that Hamas allowed the hostages to make to their families are part of its propaganda campaign- to present itself to the world as if it were a humanitarian organization.
That is exactly why it was so important to them to demand that the families… pic.twitter.com/46SJMjo6FC— יוסף חדאד – Yoseph Haddad (@YosephHaddad) October 13, 2025
За многу од заложниците, тоа беше нивниот прв контакт со нивните семејства по повеќе од две години заробеништо, за време на кои беа целосно отсечени од надворешниот свет.
Hostages still in Gaza speak with their families over cell phone before being released and transported by Red Cross back home to Israel where they should be reunited with their loved ones within an hour.
Woman holding the phone says, “The war is over!”pic.twitter.com/DhF4WSfbJH
— Paul A. Szypula 🇺🇸 (@Bubblebathgirl) October 13, 2025
Видеата се сметаат за пропаганда на Хамас, дозволувајќи ѝ на исламистичката група да се прикаже како хумана, напишаа корисниците на социјалните мрежи. На некои од видеата, во позадина може да се видат членови на Хамас.
Свет
Втората група заложници на пат кон Израел

Според израелските медиуми, втората група од 13 заложници е предадена на Црвениот крст во јужниот дел на Појасот Газа и моментално е на пат кон Израел.
Претходно беше ослободена првата група од 7 заложници.
Се очекува телата на 26-те мртви заложници и уште двајца чија судбина е непозната да бидат предадени денес.
Свет
Каја Калас: Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително комплексно, ЕУ ја продолжува мисијата

Европската унија ќе продолжи со својата набљудувачка мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет, изјави денес шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас.
„Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително комплексно“, рече Калас во објава на социјалната мрежа X.
„ЕУ е подготвена да ја одигра својата улога. Задутре ќе ја рестартира цивилната набљудувачка мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет“, рече таа.
Калас го поздрави ослободувањето на седумте израелски заложници што Хамас ги ослободи денес, нагласувајќи ја улогата на американскиот претседател Доналд Трамп во овој „клучен чекор кон мирот“.
„Ослободувањето на заложниците е голем дипломатски успех и клучен чекор кон мирот. Претседателот Трамп го овозможи овој напредок“, рече таа на X.