Свет
Ѝ се заканувал дека ќе објави нивни интимни снимки, па му го отсекла пенисот
Маж во Индонезија, извесен Г. О. (28), итно бил пренесен во болница поради загуба на крв кога неговата девојка А. С. Т. (28) го нападнала во хотел во градот Сиболга.
Полицијата тврди дека мажот сакал да има секс со својата партнерка, но таа не била расположена и го одбила за време на инцидентот, кој се случил на 25 февруари годинава.
Кога му го отсекла пенисот на момчето, сведоци велат дека се слушнале врисоци од болка.
Шефот на полицијата на Сиболга рекол:
„Врз основа на изјавата на осомничениот, тие биле во врска околу седум месеци. Така, договориле средба во хотел, а потоа мажот побарал секс по што жената одбила“.
„Кога му бил одбиен сексот, мажот се заканил дека ќе ја рашири снимката од нивните интимни активности. Потоа, кога сакал да се истушира, осомничената го нападнала. Таа го зела ножот што му припаѓал на мажот и му го отсекла пенисот“, изјавил тој.
Рецепционерот во хотелот рекол дека не слушнал никаков шум од собата на парот додека не се случил инцидентот, пишува „Дејли мејл“.
Тој изјавил дека, по нападот, жената му пришла барајќи лекарска помош за својот партнер, кој обилно крвавел на местото на настанот.
Жената е задржана во полиција, но засега не е поведено обвинение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Непознат маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на аеродромот Гардермоен во Осло
Непознат маж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина на авионот на „Норвешка Ер“ на аеродромот Гардермоен во Осло, кој требало да полета на летот DI1990 за Сплит во 6.50 часот, а кога не успеал, се заклучил во тоалетот во задниот дел од авионот, објави хрватски Дневник.
Норвешката полиција подоцна го идентификуваше лицето како 23-годишен хрватски државјанин.
Мотивите за овој чин засега не се познати.
Авионот бил полн со патници кои главно патувале во централна Далмација на одмор. Повеќето од нив не забележале дека се случува нешто необично, дури ни оние што седеле напред.
„Авионот веќе полета и додека се движеше кон делот од пистата, наеднаш застана. Првото известување до пилотот било дека има технички проблеми и дека мора да застанат. Полицајците влегле во предниот дел и по краток разговор се упатиле назад каде што се заклучил. Во авионот имало тепачка, сите сакале да видат што се случува, па не било јасно дали полициските сили влегле во тоалетот или патникот сам се предал. Секако, тројца полицајци му ставиле лисици и преку пистата го одвеле до аеродромската зграда“, изјави еден од патниците кој со сопругата патувал за Водице, Хрватска.
Како што подоцна соопшти полицијата, патникот не бил во алкохолизирана состојба или под дејство на други опијати. Засега не е познато кои биле неговите крајни намери.
По завршувањето на сите формалности, новиот лет за Сплит пристигна околу 9 часот.
Компанијата им се извини на сите патници за доцнењето од два часа.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Свет
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.
Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.
Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.
Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.