Европа
Кадиров: До крајот на денот „Азовстал“ ќе биде во наши раце

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вели дека украинските борци кои уште се борат во Мариупол ќе бидат „докрајчени“ до крајот на денот.
„На радост на сите оние кои чекаат мир и стабилност во Украина, денес, со помош на Семоќниот, ќе завршиме со бандеровците во Мариупол и целосно ќе го заземеме ‘Азовстал’“, посочи Кадиров на „Телеграм“.
Руската армија денеска им понуди на украинските сили во фабриката за челик „Азовстал“ да го положат оружјето до пладне по московско време, изјави генерал-полковник Михаил Мизинцев, шеф на рускиот Центар за контрола на националната одбрана. Засега нема индиции дека украинските војници ја прифатиле руската понуда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Стармер: Велика Британија и Трамп ќе ја зголемат воената помош за Украина ако Путин го отфрли прекинот на огнот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во саботата дека постои „апсолутно единство“ меѓу сојузниците на Киев околу предлогот за 30-дневен прекин на огнот со Русија.
„Достигнавме точка на целосен договор во голем број земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави, дека мора да има безусловно 30-дневно примирје“, рече Стармер на прес-конференција во Киев.
„Велика Британија и Трамп ќе ја зголемат воената помош за Украина ако Путин одбие прекин на огнот“, додаде тој.
„Сите ние овде, заедно со Соединетите Американски Држави, го критикуваме Путин“, рече тој.
Стармер додаде дека ако рускиот лидер е „навистина сериозен во врска со мирот“, сега има „можност да го покаже тоа“ со продолжување на примирјето од Денот на победата на 30-дневен безусловно примирје, по што би следеле преговори. „Без ако, без но“, заклучи Стармер.
Европа
Германија: Русија се соочува со построги санкции ако одбие примирје

Русија ќе се соочи со многу построги санкции ако го отфрли 30-дневниот прекин на огнот што го бара Западот, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во интервју објавено во саботата.
Доколку Путин не се согласи на прекин на огнот, „ќе следи масовно заострување на санкциите, а масовната помош за Украина ќе продолжи – политички, се разбира, но и финансиски и воено“, изјави Мерц за „Билд“.
„Се согласуваме со американската влада, со Доналд Трамп. Бараме 30-дневен прекин на огнот за да можат да се подготват мировни преговори во тој период“, додаде тој. „Топката сега е во дворот на Путин. Путин мора да одговори на оваа понуда.“
Европа
Медведев: Наместо да зборуваат за мир, тие ѝ се закануваат на Русија

Сојузникот на рускиот претседател Владимир Путин и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев реагираше на веста за собирот на европските лидери во Киев.
„Макрон, Мерц, Стармер и Туск требаше да разговараат за мир во Киев. Наместо тоа, тие упатуваат закани до Русија.
Или примирје за бандеровските орди да дојдат до здив или нови санкции. Мислите дека тоа е паметно? Ставете си ги тие ваши мировни планови во вашиот за*ник“, напиша Медведев на социјалните мрежи.