Свет
Кадиров: Нови војници се подготвени за специјалната операција во Украина

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека уште 3.000 негови борци се подготвени да заминат да се борат во Украина како дел од единиците на руското Министерство за одбрана и силите на руската Национална гарда.
„Борците ги имаат најдобрата опрема и модерното оружје. Покрај тоа, момците се многу борбени и многу мотивирани да постигнат резултати“, рече Кадиров на „Телеграм“.
За Кадиров, војната во Украина е бедем против западната агресија, наведува „Ројтерс“.
Кадиров во мај изјави дека Чеченија испратила повеќе од 26.000 борци да се борат во Украина како дел од руските сили од почетокот на војната меѓу Русија и Украина, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Неколку згради во Бангкок се евакуирани како мерка на претпазливост поради последиците од земјотресот

Неколку згради во Бангкок се евакуирани поради извештаи за вибрации и пукнатини кои се појавиле во зградите, објави Бангкок пост.
Bеше објавено и дека во ѕидовите се слушнало пукање, што предизвикало паника кај многу жители, како и кај владините службеници кои живеат во одредени згради во строгиот центар на Бангкок.
Евакуацијата започнала околу 10 часот. Меѓу погодените беа зградите на владиниот комплекс на патот Ченг Ватана, Министерството за труд во областа Дин Даенг и зградите на судот на патот Рачадаписек.
Луѓето беа евакуирани и од седиштето на Државната банка за домување во округот Хуаи Кванг, Кривичниот суд во Рачадафисек и Канцеларијата за социјално осигурување во Дин Даенг.
Свет
Трамп: Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, ќе има проблеми ако го направи тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, пренесоа американските медиуми.
Трамп го предупредил украинскиот лидер дека ќе се соочи со големи проблеми доколку го стори тоа, наведува Ројтерс.
„Тој се обидува да се повлече од договорот за ретките земји. Но, ако го направи тоа, ќе има проблеми, големи, големи проблеми“, им рече Трамп на новинарите.
Зеленски на 28 март, по добивањето на новиот американски нацр-договор, кој според него е „драматично проширен“, изјави дека Киев нема да прифати никаков договор за ретки минерали, кој би ја загрозил интеграцијата во Европска Унија.
Свет
Жена спасена по 60 часа под урнатините, најмалку 1.700 загинати во земјотресот во Мјанмар

Три дена по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар, властите проценуваат дека загинале најмалку 1.700 луѓе.
Спасувачките тимови се обидуваат да пронајдат уште преживеани под урнатините на зградите во Мјанмар и Тајланд, а во заедничка петчасовна спасувачка операција спроведена од кинески, руски и локални тимови, една жена е спасена по 60 часа под урнатините на хотелот Great Wall во градот Мандалеј, јавува Ројтерс.
Во објава на Фејсбук од кинеската амбасада во Мјанмар утринава се вели дека спасената жена е во стабилна состојба.
Во шест региони на Мјанмар е прогласена вонредна состојба по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала.
Во исто време, спасувачките тимови во главниот град на Тајланд, Бангкок, продолжуваат со фанатична потрага по луѓе кои се уште се водат како исчезнати во урнатините на урнатата кула од 30 ката, јавува Франс 24.
Во Бангкок, според денешните официјални податоци на градската власт, загинале најмалку 18 лица, 33 се повредени, а 78 се водат како исчезнати.
Светската здравствена организација (СЗО) е на терен во двете земји, обезбедува итна помош и ги координира операциите за спасување, изјави во Женева портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ.