Свет
Како ќе одговори Иран на Израел: пет можни сценарија
Израел го нападна Иран преку ноќ. Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и воени локации, вклучувајќи го и клучниот комплекс за збогатување ураниум во Натанц. Експлозии се слушнале и во Техеран.
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, прогласи вонредна состојба во целиот Израел. Иранците испратија стоина дрона кон Израел, но израелската војска објави дека ги соборила сите.
Соединетите Американски Држави предупредија дека конфликтот со Иран би бил хаотичен и би можел да го вовлече целиот регион во војна, но Израел сепак одлучи да нападне.
Иако Иран е сериозно ослабен од санкциите во последните години и е сè повеќе изолиран, тој сè уште има капацитет да ги дестабилизира регионот и светската економија. Како би можел Иран да одговори?
Британскиот „Тајмс“ наведе пет можни сценарија.
Сценарио 1: Иран возвраќа со ракетни напади врз американските бази и врз Израел
Иран поседува илјадници ракети со среден дострел способни да погодат американски бази во целиот регион, вклучувајќи ги и базите во соседен Ирак и воздухопловната база Ал-Удеид во Катар. Во 2020 година, кога во американскиот напад со беспилотни летала беше убиен иранскиот воен командант Касем Сулејмани, Иран лансира ракети врз базите во кои се сместени американски трупи во Ирак.
Во тоа време немаше американски жртви бидејќи базата беше евакуирана навреме по предупредување од Иран. Денес, нападот може да биде многу поширок – таргетирајќи повеќе бази истовремено, користејќи ирански сојузници и посреднички групи во Ирак и во Јемен, што би го отежнало пресретнувањето на ракетите.
Сценарио 2: Иран напаѓа нафтени полиња во регионот
Блискиот Исток произведува приблно 30 проценти од светските резерви на нафта, главно во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и во Кувајт. Во септември 2019 година ракетен напад и напад со беспилотни летала врз саудиски нафтен објект – за кој Саудијците го обвинија Иран – го преполови производството на нафта во земјата и привремено отстрани 5 проценти од светските резерви од пазарот.
Иако Иран оттогаш се приближи до Саудиска Арабија и другите регионални сили, тој сигнализира дека би можел да ги таргетира нафтените полиња во регионот доколку неговите нуклеарни објекти бидат нападнати. Предизвикот за Израел и за Соединетите Американски Држави би бил да неутрализираат што е можно повеќе ирански ракетни батерии во првиот бран напади за да се минимизира влијанието на потенцијалниот ирански одговор.
Сценарио 3: Иран го блокира бродскиот сообраќај во Персискиот Залив
Персискиот Залив е клучен за глобалниот транспорт на нафта – до 30 проценти од светските резерви минуваат низ Ормутскиот Проток. Конфликтот би можел да го парализира бродскиот сообраќај преку таа рута.
Поморската агенција на Велика Британија, UKMTO (Поморски трговски операции на Обединетото Кралство), веќе издаде предупредување до бродовите во регионот да бидат претпазливи. Во минатото Иран вршеше минирање и напаѓаше бродови во областа за да изврши притисок врз земјите од Заливот и САД.
Сценарио 4: Иран директно го напаѓа Израел
Иран претходно се закани со понатамошни напади врз Израел доколку израелските сили ги нападнат неговите нуклеарни објекти. Во октомври, како одговор на израелското бомбардирање на иранските ракетни и воздушни одбранбени објекти, Иран лансира бараж од ракети кон Израел.
Повеќето од овие ракети беа пресретнати од израелската воздушна одбрана со помош на САД, Велика Британија и Франција, но неколку ракети ја погодија својата цел – тие паднаа на воен аеродром, на кој е сместена флота израелски борбени авиони „Ф-35“, само неколку стотини метри од седиштето на израелската разузнавачка агенција Мосад.
Сценарио 5: Иранските сојузници му се приклучуваат на конфликтот
Хезболах, долгогодишен ирански сојузник, играше улога во одвраќањето на Израел од напади со децении, но групата е значително ослабена, како и Хамас во Газа.
Иран продолжува да има силна поддршка од Хутите во Јемен, кои редовно лансираат ракети кон Израел, како и од вооружените групи во Ирак, кои напаѓаа и израелски и американски цели во Ирак и во Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

