Европа
Камбаните на сите француски катедрали утре ќе бијат во чест на Нотр Дам
Француската бискупска конференција соопшти дека утре попладне, поточно во времето на избувнувањето на пожарот кој вчера ја зафати париската катедрала Нотр Дам, ѕвоната на сите катедрали во цела Франција ќе бијат во знак на солидарност.
Бискупската конференција информира дека со ваквиот потег ќе се покаже солидарноста на сите бискупии во Франција во однос на пожарот што вчера ја зафати катедралата Нотр Дам. Во соопштението се додава дека настанот предизвикал шок што не ги погодува само католиците во Франција, пренесе агенцијата АП.
Ватикан вчера изрази шок и тага поради пожарот што ѝ предизвика голема штета на катедралата која е симбол на христијанството во Франција и во светот.
Пожарот во Богородичната црква во Париз избувна во понеделникот во 18.50 часот кога катедралата е затворена за јавност.
Во гаснењето на пожарот учествуваа 400 париски пожарникари.
По деветчасовна борба, околу три часот рано наутро француските пожарникари успеаја да го стават под контрола пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.