Свет
Камионџија нашол бебе што лазело на патот во Мисисипи – се водело два дена за исчезнато додека надвор беснеела бура
Eдногодишно бебе преживеало два дена пред возач на камион да го најде како лази по патот во Мисисипи.
Шерифот од Луизијана, Гери „Стич“ Гилори рече дека бебето, за кое се стравувало дека е мртво откако исчезнало во саботата, имало бројни каснувања од инсекти, но инаку изгледало добро.
Ова доаѓа откако четиригодишниот брат на бебето во понеделникот беше пронајден мртов во езеро зад мотел во близина на границата со Тексас.
Полицијата која ја истражува неговата смрт соопшти дека момчето последен пат било видено со неговата мајка Алија Џек (25) од Лејк Чарлс и едногодишното бебе на 6 јули. Таа беше уапсена во понеделникот вечерта во Меридијан, Мисисипи, на повеќе од 350 километри од местото.
Откако беше пронајдено телото на 4-годишното дете, властите, плашејќи се од најлошото, се подготвија да го пребараат езерото за бебето пред возачот на камионот да се јави на 911.
„На ова едногодишно бебе гледаме како на наше чудо бебе“, изјави Гилори на прес-конференција.
Тој рече дека детето поминало два дена изложено на силен дожд и ветрови кои ја опустошија американската држава.
Ураганот Берил го погоди и Источен Тексас рано во понеделникот – невреме што однесе седум животи и остави милиони без струја низ американскиот југ.
„Ова дете помина два дена надвор на невреме“, рече Гилори. „Фала му на Бога што го видел камионџијата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

