Свет
Кампања на Хант и Амал Клуни за заштита на слободата на медиумите
Британскиот секретар за надворешни работи, Џереми Хант, денес, заедно со адвокатката Амал Клуни, која се занимава со човековите права на меѓународно ниво, почна кампања за заштита на слободата на медиумите.
Хант и Клуни почнаа кампања на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-7 во францускиот град Динар, јавува АП.
Клуни, која е сопруга на холивудскиот актер Џорџ Клуни, ќе биде специјален претставник на Хант за слобода на медиумите и ќе претседава со панелот на правни експерти кој треба да им понуди совети на владите кои сакаат да ги зајакнат правата на новинарите.
Хант рече дека заштитата на слободата на медиумите е од „глобално значење” по убиството на новинарот Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во октомври минатата година, која беше најсмртоносната година по убиствата на новинарите, со 99 такви пријавени случаи.
Тој додаде дека демократските земји треба да се држат заедно за да убиствата, апсењата и затворањата на новинарите бидејќи ја работеле својата работа станат „меѓународно табу”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Припадничка на косовската полиција пронајдена мртва во куќа во Гњилане
Припадничка на полицијата на Косова, чиј идентитет не е соопштен е пронајдена мртва во нејзината куќа во Гњилане.
Полицијата соопшти дека починатата имала 46 години и дека нејзиното безживотно тело го пронашла полициска патрола околу 11.45 часот.
Исмет Хасани, портпарол на косовската полиција за регионот Гњилане рече дека полицијата веднаш по пријавата излегла на местото на настанот каде го пронашла безживотното тело на нивната колешка.
Повеќе детали ќе бидат соопштени подоцна по завршување на истрагата која е во тек.
Свет
Блинкен: Русија мора да плати за тоа што Путин го уништи во Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска за време на неговата посета на Киев дека рускиот претседател Владимир Путин ја уништи Украина и затоа Русија треба и мора да плати за обновата.
Според него, САД имаат намера да ја искористат својата моќ и да ги користат руските средства (за обнова на Украина), пренесува Ројтерс.
„Ние работиме со нашите партнери од Г7 за да ги искористиме замрзнатите руски државни средства за да ја вратиме штетата направена од Путин“, рече Блинкен за време на посетата на Киев.
Свет
Голема акција во Италија: 142 лица се приведени за шверц на дрога, меѓу кои и цариници и полицајци
Италијанските власти соопштија дека денеска во операција против калабриската мафија Ндрангета („Свети луѓе“) привеле 142 лица активни во трговијата со дрога од клановите на градот Козенца, на југот.
Полицијата вели дека овие луѓе се осомничени за врски со „Ндрангета, трговија со дрога, мафијашко здружение и други злосторства.
Приведен е и службеник на италијанската царина и финансиска полиција.
Обвинителот на блискиот град Катанзаро, Винченцо Капомола, изјави за новинарите дека мафијашките групи ги „гушат“ трговците и претприемачите изнудувајќи од нив пари, а дека користат дури и малолетници за нивната главна дејност – трговија со дрога.