Свет
Канада санкционираше уште 38 Руси

Канада денеска воведе санкции против 38 поединци и 16 ентитети кои „учествуваат во ширењето на руската дезинформација и пропаганда“.
На санкционираниот список, меѓу другото, се и руската државна медиумска групација МИА Расија Сиводња, како и пејачот Николај Викторович Басков, кој учествуваше на провоен концерт во Москва, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Канада, пренесува Ројтерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Најмалку 46 загинати во несреќа на воен авион во Судан

Најмалку 49 лица загинаа кога судански воен авион се урна во градот Омдурман, соопштија денеска воените и здравствените власти.
Авионот Антонов се урна вчера по полетувањето од воената воздухопловна база Вади Саидна, северно од Омдурман, соопшти војската.
Воените власти соопштија дека во несреќата загинале војници и цивили, додека неименувани воени извори велат дека причината за несреќата најверојатно е технички проблем, пренесе Ројтерс.
Министерството за здравство додаде дека телата на починатите се пренесени во болницата Нау во Омдурман. Болницата примила и десет повредени цивили. Министерството соопшти дека авионот се урнал во цивилна куќа во областа Карари во Омдурман.
Свет
Кремљ без коментар за договорот меѓу САД и Украина

Кремљ денеска потврди дека се во тек подготовки за преговори меѓу експертски тимови меѓу САД и Русија, но додаде дека во моментов нема планови за телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на дневниот брифинг изјави дека Москва нема да коментира за важниот американско-украински договор за експлоатација на ретки минерали додека не бидат објавени официјални информации. Да потсетиме дека, според неофицијални извори, договорот е постигнат синоќа, а се очекува украинскиот претседател Зеленски да го потпише со Трамп во петок во Белата куќа.
Путин неодамна понуди да продава руски ретки минерали на американски компании, вклучително и оние од окупираните територии на Украина. Песков рече и дека немало разговори со Кина за можноста кинеските сили да бидат распоредени во мировна мисија во Украина во случај да се постигне договор.
Свет
Карл Билд: Се чини дека договорот има за цел да го усреќи Трамп

Поранешниот шведски премиер и копретседавач на Европскиот совет за надворешни односи, Карл Билт, рече дека договорот за минерали меѓу Украина и САД изгледа како „споредна приказна со ограничена важност“.
Билт изјави за Би-би-си дека договорот „изгледа како нешто што треба да го усреќи Трамп“, но дека „нема да донесе значителни финансиски ресурси во САД или да има материјално економско влијание со години“.
Како пример го наведе отворањето на нови рудници, за што се потребни големи инвестиции и се добива приход дури по неколку години. „Овој договор е повеќе прилагоден на психологијата на американскиот претседател отколку на реалните околности во Украина“, заклучи Билт.