Свет
Кандидатот за германски канцелар се закани со санкции кон Русија

Кандидатот за германски канцелар од конзервативниот блок ЦДУ / ЦСУ, Армин Лашет, ѝ се закани на Русија со санкции доколку гасоводот „Северен тек 2“ се искористи против Украина.
„ Ако Русија повторно преземе агресивни дејствија против Украина, Германија ќе преземе мерки на национално ниво и ќе се залага за казни во рамките на Европската унија“, рече Лашет во интервју за полскиот весник „Ржечпосполита“.
Според него, на тој начин Германија ќе спречи употреба на „Северен тек 2“ како „геополитичко оружје“, пренесе „Спутник“.
Германскиот политичар тврди дека договорот за гасоводот меѓу САД и Германија обезбедува инструменти со кои тие „заеднички ќе можат да ја повикаат Русија на одговорност за деструктивните активности“.
Тој додаде дека суверенитетот и безбедноста на Украина мора да бидат приоритет на надворешната политика на Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел: Иранската револуционерна гарда се обиде да нападне наши граѓани на Кипар

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека Иранската револуционерна гарда се обидела да изврши напад врз израелски граѓани на Кипар, но дека планот бил спречен благодарение на соработката на кипарските и израелските безбедносни служби.
Саар го објави ова на платформата „Икс“, без да даде дополнителни детали за наводниот напад. Иран се уште не се огласил. Претходно денеска кипарските власти потврдија дека уапсиле британски државјанин под сомнение за тероризам и шпионажа.
Според локалните медиуми, осомничениот од средината на април ја набљудувал британската воена база РАФ во блискиот Акротири, како и кипарската база.
Засега не се знае дали ова лице има некаква врска со наводната завера која ја спомена израелскиот министер.
Свет
Зеленски: Германски и чешки компании испорачуваат материјали во Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека западните компании, вклучително и германските и чешките, продолжуваат да ја снабдуваат руската воена индустрија и повика на воведување санкции против тие компании.
„Руската Федерација добива машини од одредени земји, а потоа ги користи за производство на оружје“, рече вчера украинскиот претседател на брифинг со новинарите што до денеска беше под ембарго.
Според него, петнаесет такви компании се од Тајван, тринаесет се германски, осум се чешки, шест се јужнокорејски, три се јапонски и три се индиски.
„И една компанија од САД испорачува мал број делови за машините“, додаде тој, велејќи дека ги имал и имињата на сите тие компании.
„Ги споделивме сите овие информации со нашите партнери – Европската унија и САД. Повикуваме тие компании да бидат санкционирани“, продолжи Зеленски.
Според податоците со кои располага украинскиот претседател, споменатите компании можат да ги исклучат ваквите машини, имајќи предвид дека тие „работат со помош на далечински електронски системи“.
„Тие компании можат да ги исклучат, па машините повеќе нема да работат. Тоа би го забавило процесот. Да речеме дека би било како да се разоружа Русија без оружје“, рече тој.
Зеленски рече дека Киев испратил информации за постоењето и работењето на такви компании во 26 земји.
Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, строги западни санкции беа воведени кон Москва, конкретно насочени кон спречување на испорака на опрема и технологија што ги користи нејзината воена индустрија.
Но, Москва делумно успеа да ги заобиколи со организирање на увоз преку трети страни или сојузнички земји.
Свет
(Видео) Балон полн со луѓе се запали во воздух и се урна во Бразил, најмалку осум загинати

Најмалку осум лица загинаа во пад на балон со топол воздух во Бразил, додека спасувачките тимови трагаат по преживеани. Според гувернерот на сојузната држава, во балонот имало 22 лица.
Несреќата се случила во јужната бразилска држава Санта Катарина, соопшти гувернерот Жоргињо Мело. Во објава на платформата „Икс“ утринава, Мело изјави дека несреќата се случила во Праја Гранде и додаде дека локалната заедница е во шок поради трагедијата.
🚨¡Última Hora!
🇧🇷Al menos ocho personas fallecieron tras el incendió de un globo aerostático con 22 ocupantes en el municipio de Praia Grande, en el sur de Santa Catarina, Brasil. pic.twitter.com/lyz9Ql9UJK
— AgenciaVNews (@AgenciaVNews) June 21, 2025
Потврдено е дека две лица преживеале.
„Екипите се уште трагаат по другите“, рече гувернерот.