Свет
Карло Котарели назначен за привремен премиер на Италија, треба да формира влада

Италијанскиот претседател, Серџо Матарела, го назначи поранешниот претставник на ММФ, Карло Котарели, за привремен премиер задолжен за формирање нова влада, пренесува „Раша тудеј“. Претседателот Матарела денеска го објави својот избор откако го уништи договорот помеѓу двете евроскептични партии кои освоија мнозинство на изборите во март и оттогаш се обидуваа да формираат нова влада.
Новонаименуваниот премиер Котарели вети дека многу брзо ќе ја формира новата влада што ќе раководи со земјата во периодот додека се одржат нови избори насен или на почетокот на идната година.
„Ќе се претставам во парламентот со програма која, ако добие поддршка од парламентот, ќе го вклучи и одобрувањето на буџетот за 2019 година. Тогаш парламентот ќе биде распуштен, а избори ќе има на почетокот на 2019 година”, рече Котарели набрзо откако беше назначен за привремен премиер.
По отфрлањето на кандидатурата на Паоло Савона за министер за економија, поранешниот кандидат за премиер Конте рече дека се откажал од обидите за формирање влада, оставајќи ја отворена можноста земјата да се соочи со нови избори. Бесни на Матарела за саботирање на нивниот договор околу изборот за министер за економија, од евроскептичката коалиција го критикуваше естаблишментот на земјата за загрозување на демократијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Палестинското прашање и понатаму останува нерешено

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план за Газа на Доналд Трамп не го решава целосно израелско-палестинскиот конфликт, пренесе RT.
Тој нагласи дека Русија го оценува планот како „најдобро што моментално е на преговарачката маса“, но додаде дека „палестинското прашање со тоа не е решено“.
Лавров порача дека конечно решение би било можно само со создавање на палестинска држава во границите од 1967 година, во согласност со резолуциите на ОН, и повтори дека Москва останува посветена на решението со две држави.
Свет
Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One. За време на летот, еден од новинарите што го придружуваа 79-годишниот претседател го праша за неговите претходни коментари кои ги дал во контекст на преговорите за мировниот договор во војната меѓу Русија и Украина.
Трамп уште во август, во емисијата „Fox and Friends“, изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно, мислам дека тоа е прилично добро – сакам да се обидам да влезам во рајот, ако е можно. Слушам дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на листата. Но ако успеам да влезам во рајот, ова ќе биде една од причините“
На прашањето дали неговите шанси се подобриле по договорот меѓу Израел и Хамас, Трамп сега одговори: „Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспособност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.
Свет
Египетскиот претседател до Израелците: Претворете го овој историски момент во нов почеток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги повика Израелците моментот на потпишување на мировниот договор за Газа да го претворат во нов почеток за поправеден и помирен живот во регионот.
„Погледнете кон подобра иднина за нашите деца,“ рече Сиси по потпишувањето на договорот во Шарм ел-Шеик.
На самитот присуствуваа Доналд Трамп и бројни меѓународни претставници. Обраќајќи му се на Трамп, Сиси додаде: „Господине претседателе, нека војната во Газа биде последната војна на Блискиот Исток.“