Свет
Катар им го предаде на Израел и на Хамас конечниот нацрт-договор за прекин на огнот
Катар, кој е еден од посредниците во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, им го предал на Израел и на палестинската милитантна група Хамас конечниот нацрт на договорот за прекин на огнот и за ослободување на заложниците, дизајниран да стави крај на војната во Газа, изјави неименуван функционер за „Ројтерс“ денеска.
Официјалниот претставник рече дека е постигнат напредок во разговорите во катарскиот главен град Доха по полноќ по разговорите, во кои учествуваа шефот на Мосад, Дејвид Барнеа, американскиот претставник за Блискиот Исток и катарскиот премиер.
Американскиот претседател во заминување, Џозеф Бајден, разговараше со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во неделата за напорите да се постигне прекин на огнот во Појасот Газа и ослободувањето на заложниците, соопшти Белата куќа.
Во соопштението се наведува дека Бајден во телефонски разговор ја истакнал итната потреба од прекин на огнот во Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

