Свет
Катар: Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и враќањето на заложниците во мирување

Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и враќањето на заложниците на Израел и Хамас сè уште се во мирување, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед ал-Ансари.
Во врска со одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да побара налог за апсење на израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху, како и на тројцата лидери на Хамас, Ал Ансари рече дека е прерано да се коментира директно.
Тој сепак нагласи дека сите држави и организациите што се одговорни за смртта на цивилното население треба да сносат одговорност, пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Белорусија испраќа рекордни количини бензин во Русија

Белорускиот железнички извоз на бензин во Русија се зголеми за четири пати во септември во однос на претходниот месец, бидејќи Москва се справува со недостиг на гориво предизвикан од украинските напади врз нејзината енергетска инфраструктура, објавија извори од индустријата синоќа, објави „Ројтерс“.
Неколку руски региони беа принудени да воведат мерки за штедење и привремено да ги замрзнат цените на горивата во последните недели. Причината е недостигот на популарни видови бензин предизвикан од напади со беспилотни летала насочени кон рафинерии и други енергетски објекти.
Како одговор, Москва, исто така, го ограничи извозот на бензин и дизел. Ова не е првпат Русија да се потпира на соседна Белорусија, таа, исто така, го зголеми увозот на гориво минатата година за да го покрие недостигот на пазарот.
Според извори, пратките на бензин со железница од белоруските рафинерии до рускиот домашен пазар минатиот месец достигнаа 49.000 метрички тони, што е еквивалентно на 14.500 барели дневно. Заедно со бензинот, испораките на дизел во септември изнесуваа 33.000 тони.
Свет
Киев бесен на Меркел: „Зборовите на поранешната канцеларка се неприфатливи“

Киев остро реагираше на тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека Полска и балтичките земји ги саботирале обидите за решавање на украинскиот конфликт во 2021 година, што, како што изјави таа, индиректно придонело за почетокот на „Новата светска војна“, објавува Политико.
Меркел во интервју изјави дека Франција и Германија потоа предложиле воспоставување нов формат за преговори со Русија, кој би ги заменил договорите од Минск, но Варшава и балтичките престолнини одбиле да ја поддржат иницијативата.
Таа проценка предизвика негодување во Киев, каде што висок украински функционер, според Политико, рекол дека зборовите на поранешната канцеларка се „неприфатливи и, искрено, одвратни“.
Во истото интервју, поранешната германска канцеларка, исто така, оцени дека обвинувањето дека унгарскиот премиер Виктор Орбан е „тројански коњ“ на рускиот претседател Владимир Путин во рамките на Европската Унија е „глупост“, посочувајќи на потребата да се запрат меѓусебните обвинувања во рамките на ЕУ и да се обнови дипломатскиот дијалог.
Фото: принтскрин
Свет
Светската здравствена организација тестира смртоносен сируп против кашлица

Светската здравствена организација (СЗО) побара информации од Индија за тоа дали сирупот против кашлица поврзан со смртни случаи кај деца во земјата е извезен во други земји, соопшти денес агенцијата.
СЗО изјави за Ројтерс дека ќе разгледа издавање глобално предупредување за медицински производ во врска со сирупот Колдриф откако ќе добие официјални информации од Њу Делхи, објави Ројтерс.
Според информациите од локалните власти, најмалку 17 деца под петгодишна возраст починале во текот на изминатиот месец откако консумирале сируп што содржел високи концентрации на токсичното соединение диетилен гликол, речиси 500 пати над законската граница.
Фото: принтскрин