Свет
Катар ја обвини Саудиска Арабија за неодговорно однесување по заканата за воена акција
Катар го обвини својот сосед Саудиска Арабија за неодговорно однесување кога медиумите во земјата пренесоа дека Ријад се заканил со воена акција доколку Доха инсталира руски одбранбен систем, пренесува „Ројтерс“.
Катарскиот министер за надворешни работи за „Ал Џезира“ изјавил дека не смета оти заканата од Саудиска Арабија е сериозна, но го обвинил официјален Ријад дека ова повторно го бранува регионот бидејќи двете земји веќе една година се наоѓаат во отворен спор.
Францускиот весник „Ле Монд“ во саботата објави дека саудискиот крал Салман испратил писмо до францускиот претседател Емануел Макрон во кое изразил загриженост поради преговорите помеѓу Доха и Москва за рускиот противавионски ракетен систем „С-400“.
„Бараме формална потврда од француската влада за писмото“, рекол катарскиот министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани.
„Од ова не постои сериозна воена закана, но начинот на кој се користи за да се оправда или да предизвика бранување на регионот е едноставно неприфатливо. Не постои легитимна загриженост зад ова писмо и зад заканите кон Катар“, додал тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

