Свет
Католичките училишта во Ирска под истрага: 2.395 наводи за сексуална злоупотреба
Ирската државна истрага откри шокантни нивоа на сексуална злоупотреба во верските училишта, првенствено оние што ги води Католичката црква, со 2.395 обвинувања за речиси сто години, соопшти владата.
Прелиминарната сеопфатна истрага откри 884 наводни сексуални вознемирувачи во повеќе од 300 училишта во земјата од 1927 до 2013 година. Повеќето од случаите биле помеѓу 60-тите и 90-тите, соопшти владата.
Следниот чекор ќе биде формирање истражна комисија, која, најверојатно, ќе открие дополнителни случаи, рече министерката за образование, Норма Фоли, на прес-конференција.
„Нивото на злоупотреба е шокантно. Тоа е навистина шокантно, како и бројот на наводните насилници“, рече Фоли.
Прелиминарната истрага се заснова на евиденцијата на верските институции и на исказите на жртвите. Тоа е последниот во серијата извештаи во последните децении за наводна злоупотреба и малтретирање од страна на свештениците и членовите на црковните редови, главно во Католичката црква, која предничи во Ирска.
Документот ќе биде објавен откога ќе биде доставен до жртвите, пренесуваат локалните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

