Контакт

Вести

Кај Ким Џонг-нам не е откриен срцев удар или траги на инјектирање

Објавено пред

Малезиските експерти во текот на обдукцијата на Ким Џонг-нам, полубратот ан севернокорејскиот диктатор Ким Џонг-ун, кој почина по напад на 13-ти февруари на меѓународниот аеродром во малезиската престолнина Куала Лумпур, не се најдени знаци на срцев удар, како ниту траги инјектирање или други видливи повреди, пишува во вторникот јапонската новинска агенција Kyodo повикувајќи се на портпаролот на министерството за здравство на Малезија.

dobivaj vesti na viber

 

Според малезиското министерство за здравство останува сé уште непозната. Во изјавата се истакнува, исто така, дека досега од роднините на Ким Џонг-нам не е добиено барање за предавање на телото. Инаку телот на го бараше и Северна Кореја, но на Пјонгјанг му беше порачано дека тоа ќе биде предадено на најблиските роднини.

Ким Џонг-нам по скандалот кога во 2001 година беше фатен како во придружба на две жени и дете со лажни пасоши сака да влезе во Јапонија, живеше на кинеската територија во Макао, под заштита на властите во Пекинг.

Претходно во вторникот беше објавено дека Ким Хан-сол, синот на починатиот Ким Џонг-нам, допатувал во престолнината на Малезија и ја посетил силно обезбедуваната болница во којашто се чуваше телото на неговиот татко. Специјалните полициски сили беа ангажирани на одделот за патологија на кој беше телото на мртвиот Ким Џонг-нам, бидејќи малезиските власти не сакаа да ја извршат обдукцијата без телото да биде идентификувано од некој член од семејството, пишува малезискиот дневен весник The Star.

Снимките што ги објави јапонската телевизија NHK покажуваат дека обезбедувањето на болницата при пристигнувањето на синот на покојниот било нагло зголемено со дополнителни 30 до 40 припадници на специјалните полициски сили вооружени со автоматско оружје.

Малезиското министерство за здравство на 14-ти февруари ја потврди смртта на Кон Џонг-нам, кој по нападот на две жени, се пожалил дека му има силна главоболка откако непознато лице го испрскало со некаква течност по лицето, и починал на пат за болницата. Според друга верзија, неидентификувана жена на неговото лице ставила крпа натопена во некаква течност, а јужнокорејските медиуми пишуваа за напад со затруени игли. Ниедна од досега изнесените верзии не е официјално потврдена.

Јужнокорејски и американски функционери тврдат дека е нападнат од севернокорејски агенти, и дека во нападот е користен отров со брзо делување.

Тројца од четворица државјани на Северна Кореја за кои малезиските власти се сомневаат дека се поврзани со нападот, наводно одлетале од Џакарта во Дубаи истата вечер кога е извршен смртоносниот напад. Тие се идентификувани како Ри Џае-нам, Хонг Сонг-хак и Ри Џи-хјон, соопшти портпаролот на индонезискиот оддел за имиграција за Reuters. Во неделата беше објавено дека е осомничен и четврти маж, но за него деталите не се објавени.

Малезиската полиција во неделата соопшти дека четворица Севернокорејци осомничени за убиството одлетале од Малезија по нападот од 13-ти февруари. Малезискиот дневен весник The Star објави дека тие требало да се вратат во Пјонгјанг, преку Џакарта, Дубаи и Владивосток.

Според малезиските медиуми, полицијата во петокот вечерта по локално време во главниот град Куала Лумпур уапсила маж кој наводно е поврзан со убиството на Ким Џонг-нам, кој е на 47-годишна возраст. Во моментот на апсењето кај него е пронајден пасош на Северна Кореја, а сега се проверува неговата валидност. Се истакнува дека во пасошот на приведениот маж имало штембили дека повеќепати престојувал во Малезија. Полицијата прецизира во соопштение дека осомничениот е идентификуван како Ри Џонг-чол, роден на 6-ти мај 1970 година. „Осомничениот е вмешан во убиството на северноорејскиот маж“, беше наведено во соопштението.

Покрај тоа, весникот China Press пишува дека полицијата распространила до сите полициски станици фотографии на четворица мажи, осомничени за убиството, по кои е распишана потерница.

Претходно беше објавено дека полицијата уапсила две жени за убиството на Ким Џонг-нам, кој некогаш беше сметан за можен лидер на Северна Кореја, 29-годишна државјанка на Виетнам и 25-годишна државјанка на Индонезија, а потоа и 26-годишен државјанин на Малезија, кој бил во врска со Индонезијката./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 минути

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет2 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет2 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет2 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет2 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа2 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави Ројтерс

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија12 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет13 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет15 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет16 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија19 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија20 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија22 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет23 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет1 ден

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа1 ден

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет1 ден

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет1 ден

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет1 ден

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...