Свет
Кели за Трамп: „Ги навредуваше американските војници, повредените ги нарекуваше будали“
Џон Кели, кој долго време беше шеф на кабинетот на Белата куќа, официјално презентира детали за Доналд Трамп, кои не се во корист на поранешниот американски претседател.
Во интервју за Си-ен-ен, Кели изјави дека Трамп ги навредувал американските војници зад затворени врати, ранетите ги нарекувал будали, дека одбивал да се фотографира со воени инвалиди бидејќи фотографиите нема да бидат по негов вкус.
Тој наведува дека Трамп не бил искрен во ниту една своја политика – кон абортусот, жените, малцинствата.
Неколку поранешни вработени во Белата куќа за време на мандатот на Трамп претходно излегоа во јавноста со слични приказни, пренесува медиумот.
Според написите, Трамп се соочува со неколку обвиненија и веќе е осуден за измама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Украина може да произведува четири милиони беспилотни летала годишно
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека земјата може да произведува четири милиони беспилотни летала годишно и бргу го зголемува производството на друго оружје.
Обраќајќи им се на шефовите на десетици странски производители на оружје во Киев, Зеленски рече дека Украина веќе има договорено производство на 1,5 милион беспилотни летала оваа година, пренесува „Ројтерс“.
„Во екстремно тешките услови на војната под постојани руски напади Украинците успеаја да изградат практично нова одбранбена индустрија“, рече Зеленски.
Свет
(Видео) Пропалестинските активисти во Берлин го прославија иранскиот напад врз Израел
За време на пропалестинските демонстрации во Берлин, Иран лансира ракети кон Израел. Германските медиуми јавуваат дека толпата ракоплескала, навивала и извикувала „Алаху акбар“.
„Ракети лансирани кон Израел“, извикуваше еден човек по што многубројни демонстранти навиваа, а некои дури и ракоплескаа. Се слушаа и извици „отпор“ и „Алаху акбар“ („Господ е голем“), пишува НТВ.
Es macht fassungslos, dass in einer Stadt, die so viel Schmerz und Leid aus der Geschichte gelernt haben sollte, Menschen offen Angriffe auf Juden feiern.#b0110
VIDEOQUELLE: https://t.co/RtnhBQVeI2 pic.twitter.com/xGCvAL0kvo
— Iman Sefati (@ISefati) October 2, 2024
Während Israel unter Raketenbeschuss steht, wird in Berlin die Hamas gefeiert, und die Berliner Polizei unternimmt nichts dagegen. Vielen Dank für den großartigen Einsatz @polizeiberlin @PolizeiBerlin_E #b0110 pic.twitter.com/nhiaGNLUPn
— Iman Sefati (@ISefati) October 1, 2024
Некои од учесниците на митингот вееја марами и палестински и либански знамиња.
Портпаролот на берлинската полиција, пренесоа германските медиуми, вчера изјавил дека информациите за скандирање „ниту може да ги потврди ниту да ги демантира“. Средбите се одржаа на две локации.
Регион
Средношколец загина во судир на автобус и автомобил во Србија, 36 повредени
Средношколец загина при судир на автомобилот што го возел и автобус на стариот пат меѓу Нови Сад и Инџија. Повредени се 36 лица, од кои четворица потешко.
Несреќата се случила утринава околу 7.30 часот на патот меѓу Инџија и Нови Сад.
Станува збор за автобус на редовна градска релација, кој, сепак, превезува и многу деца. Според неофицијални информации, младиот човек, кој го управувал автомобилот, е средношколецот Н. Ш.. Повредени се вкупно 36 лица, од кои 27 се згрижени во болниците во Нови Сад, Белград и во Сремска Митровица.
Во Клиничкиот центар во Војводина згрижени се 16 пациенти, од кои двајца се задржани на болничко лекување, седум се отпуштени на домашно лекување, а на уште седуммина им е дадена понатамошна дијагностика.