Контакт

Европа

Кејт Бингам: Првата генерација на вакцини против Ковид-19, веројатно, нема да биде ефикасна за сите луѓе

Објавено пред

Првите вакцини против новиот коронавирус, веројатно, ќе бидат нецелосни и нема да бидат ефикасни за сите луѓе, рече Кејт Бингам, која ја предводи британската работна група за вакцини.

dobivaj vesti na viber

„Сепак, не знаеме дали некогаш ќе имаме вакцина. Важно е да се избегне прекумерен оптимизам“, напиша Бингам во написот објавен во медицинското списание „Лансет“.

Првата генерација на вакцини, веројатно, ќе има недостатоци и треба да бидеме подготвени за фактот дека нема да ја спречи инфекцијата, туку повеќе ќе дејствува на намалување на симптомите, па дури и тогаш може да не биде ефикасна за сите луѓе или барем за долго време“, објасни таа.

Работната група за вакцини признава дека голем дел од вакцините, а можеби и сите, нема да бидат успешни, напиша таа.

Фокусот е ставен на вакцините што предизвикуваат имунолошки одговор кај популацијата постара од 65 години, додаде Бингам.

Таа додаде дека глобалните капацитети за производство на вакцината, генерално, не се соодветни за производство на милијарди дози што му се потребни на светот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Терминал на лондонскиот Хитроу евакуиран поради „опасни материјали“

Објавено пред

Терминалот 4 на аеродромот Хитроу беше евакуиран вечерва по инцидентот што пожарникарите првично го опишаа како „можен инцидент со опасни материјали“. По неколкучасовна интервенција на полицијата, пожарникарите и службите за итни случаи, терминалот беше прогласен за безбеден и повторно отворен.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот беше пријавен околу 17 часот по локално време, а единици од Фелтам, Хитроу, Вембли и околните противпожарни станици беа испратени на местото на настанот. Патниците беа евакуирани од салата за пријавување на летот на растојание од околу 150 метри од зградата, а сведоци раскажаа како тимови во заштитни одела пристигнале на местото на настанот и биле поставени паравани за заштита на приватноста.

Еден патник, Пол Скот, изјави за Скај њуз дека штотуку се пријавил кога започнала евакуацијата. „Атмосферата беше мирна, но сите бевме збунети бидејќи никој не знаеше што се случува. На луѓето им беа дадени алуминиумски ќебиња бидејќи стануваше ладно“, рече тој.

Лондонската служба за брза помош потврди дека на местото на настанот била укажана лекарска помош на околу 20 лица поради пријавени здравствени проблеми. Сепак, Метрополитен полицијата соопшти дека „не е пронајдена никаква трага од штетна супстанца“.

„Вкупно 20 лица пријавија здравствени проблеми, но ниту една од повредите не е опасна по живот, ниту има трајни последици. Истрагата е во тек“, соопшти полицијата.

Аеродромот Хитроу потврди околу 18:40 часот дека салата за пријавување во Терминал 4 е затворена, а кратко по 20 часот терминалот е прогласен за безбеден и повторно отворен.

„Многу ни е жал за предизвиканиот прекин, безбедноста на патниците и персоналот е секогаш наш врвен приоритет. Правиме сè што можеме за да осигуриме дека вечервашните летови ќе полетаат според планот“, соопшти аеродромот, додавајќи дека другите терминали не биле погодени за време на инцидентот.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Ќе се обидеме сами да произведеме патнички авион со широк труп, велат Русите

Објавено пред

Русија планира да развие сопствен патнички авион со широк труп, бидејќи плановите за заедничко производство со Кина сè уште не се спроведени, изјави шефот на Ростек, Сергеј Чемезов.

dobivaj vesti na viber

„Кинезите одлучија дека засега ќе го произведуваат сами. Ќе се обидеме и ние да произведуваме наш сопствен авион. Откако ќе го произведеме моторот PD-35, ќе изградиме наш сопствен авион со широк труп“, им рече Чемезов на новинарите во Самара.

Русија и Кина разговараа за заедничкиот развој на руско-кинескиот широкотрупен патнички авион CR929 и во 2014 година потпишаа договор за соработка. Основана е Кинеско-руската меѓународна корпорација за комерцијални авиони (CRAIC), која стана главен оператор на проектот.

Комерцијалните испораки требаше да започнат по 2025 година, но пандемијата на Ковид ги принуди партнерите да го одложат рокот за 2028 или 2029 година. Нова пречка беа западните санкции врз Русија, кои го променија форматот на соработка. Кина го презеде проектот, а Русија стана договорен производител само на одредени делови од авионот.

„Го променивме форматот на учество во проектот, па затоа се потребни соодветни промени и во меѓувладините документи. Со други зборови, приближно како во проектот за хеликоптери, односот ги вклучува клиентот и подизведувачот“, објасни првиот вицепремиер на Русија Денис Мантуров пред новинарите во мај 2024 година.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Ердоган сака да ја замолчи опозицијата: демонстрантите се судрија со полицијата, фрлен е солзавец

Објавено пред

Турската полиција се судри со поддржувачите на турската опозициска партија пред седиштето на Републиканската народна партија (ЦХП) денеска, користејќи солзавец за комесарот, назначен од судот, да може да влезе во зградата.

dobivaj vesti na viber

Властите го блокираа пристапот до канцеларијата на партијата во неделата вечерта откако десетици пратеници и членови на ЦХП се забарикадираа таму за да го спречат комесарот да ја преземе контролата со своите соработници.

Судот минатата недела пресуди да го отстрани раководството на партијата во Истанбул поради наводни нерегуларности на конгресот на партијата во 2023 година.

Поранешниот пратеник на ЦХП, Ѓурсел Текин, официјално ја презеде контролата врз партискиот огранок попладнето. Текин, кој се судри со лидерот на ЦХП, Озгур Озел, ја бранеше пресудата, нарекувајќи ја непристрасна и дека „не е дел од проблемот“.

ЦХП ја обвинува владата на претседателот Таип Ердоган за организирање политичка кампања против нив. Озел го замени долгогодишниот лидер на партијата, Кемал Киличдароглу, пред две години и ја предводеше партијата до неочекувана победа на локалните избори минатата година, обезбедувајќи контрола врз поголемиот дел од градските совети во земјата.

Оттогаш неколку градоначалници од опозицијата се уапсени под обвинение за корупција, вклучувајќи го и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, клучен ривал на Ердоган.

Озел би можел да биде отстранет со судска наредба на 15 септември. Владата негира дека врши притисок врз судството.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Воз удри во автобус во Мексико Сити, најмалку осум мртви: објавена е снимка

Воз се судри со двокатен автобус северозападно од Мексико Сити рано наутро во понеделник по локално време, при што загинаа...

Европа4 часа

(Видео) Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада. Француското национално собрание гласаше...

Македонија4 часа

(Видео) Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите

Денеска полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на село Русиново и во...

Свет6 часа

Шпанскиот премиер: Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес објави девет мерки против Израел, вклучувајќи ембарго за оружје, со цел „запирање на геноцидот“ што...

Македонија6 часа

Се судрија четири возила и четири мотоцикли, петмина повредени: прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар

Денеска во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во...

Топ9 часа

Едно и полгодишно дете од Радовиш пренесено во Клиничката болница Штип, според таткото испило таблета

Вчера во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено...

Македонија10 часа

Мицкоски за прислушуваните материјали: Ме следеле мене, но и моите деца, речиси исти луѓе блиски до некоја мината власт, оперираат со системот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод 8 Септември – Денот на независноста...

Македонија10 часа

Шест активни пожари во државата, еден е под контрола

Денеска, до 12:00 часот, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои активни се...

Македонија11 часа

Ахмети: Никаква опасност, на ниту еден Македонец, а уште помалку на нашата држава, не и се заканува од еднаквоста со Албанците

„Годишнината од прогласувањето на независноста на Северна Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и...

Македонија11 часа

(Фото) Започна увидот во опожарената фабрика во Виница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Увидните дејствија...

Македонија14 часа

(Видео) Филипче: Ова е држава на сите, мора да се бориме за нашиот дом

„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември: Денес, 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година,...

Македонија15 часа

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им упатува честитки на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста. Во честитката,...

Македонија15 часа

Гаши: Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши на сите граѓани им ја честита 34-годишнината од независноста на државата. „Денот...

Свет1 ден

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија1 ден

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ1 ден

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија1 ден

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет1 ден

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...

Свет1 ден

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е...