Свет
Киев: Во војната загинаа над 400 украински деца
Најмалку 437 украински деца загинаа како резултат на руската инвазија, соопшти Украинското обвинителство.
Повеќе од 837 деца се повредени, според списокот што официјалните лица велат дека е „не конечен“ бидејќи сè уште ги проверуваат информациите од активните борбени зони, ослободените области и териториите кои сè уште се под руска окупација.
Најголем број жртви имало во источниот регион на Доњецк, каде загинале или се повредени 423 деца, соопшти обвинителството.
Обединетите нации соопштија дека најмалку 16.295 цивили се убиени од почетокот на руската инвазија во февруари, што Киев и западните лидери го осудија како чин на неиспровоцирана агресија.
Москва негира дека мета биле цивили,пренесе Денес.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Турција, почувствуван и во Грција
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 21:38 часот, во западна Турција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 39,444 и географска должина 26,284.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 1о километри под површината на земјата.
Земјотресот се почувстувал и на 13 километри северно од Митимна, Грција.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Свет
Трамп ја суспендира странската помош на 90 дена
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за привремено суспендирање на сите американски програми за надворешна помош на 90 дена во очекување на ревизија за да се утврди дали тие се во согласност со неговите политички цели.
Наредбата, меѓу многуте потпишани од Трамп на неговиот прв ден од враќањето на функцијата, наведува дека „странската помошна индустрија и бирократијата не се усогласени со американските интереси и во многу случаи се спротивни на американските вредности“ и „служат за дестабилизирање на светскиот мир преку промовирање идеи во странство“.
Според тоа, Трамп изјави дека „никаква дополнителна странска помош на Соединетите држави нема да биде исплатена на начин што не е целосно конзистентен со надворешната политика на претседателот на САД“.
Државниот секретар Марко Рубио им рече на членовите на Комитетот за надворешни односи на Сенатот за време на неговото сослушување за потврдување минатата недела дека „секој долар што го трошиме, секоја програма што ја финансираме и секоја политика што ја водиме мора да се оправда со одговарање на три едноставни прашања:
„Дали ја прави Америка побезбедна? Дали ја прави Америка посилна? Дали ја прави Америка попросперитетна“.
Наредбата потпишана од Трамп му остава на Рубио да донесе такви одлуки, во консултација со Канцеларијата за управување и буџет. Стејт департментот и Агенцијата на САД за меѓународен развој се главните агенции кои ја надгледуваат странската помош.
Свет
Силен земјотрес го погоди Тајван
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 19:48 часот во Тајван.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 21.459 и географска должина 121.0699.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 23 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.