Свет
Киев пушта во акција досега невидено оружје: Украинците сега се на самиот врв
Украинците наскоро во борбата против руската морнарица ќе стават во акција „стелт“ експлозивна роботска подморница.
Толока ТЛК-150 е првото подводно беспилотно летало кое е целосно дизајнирано и изградено во Украина и е производ на новото воено-цивилно партнерство наречено Брејв1. Поморските аналитичари велат дека тоа претставува голема технолошка надградба за Украина.
„Русија има нови големи проблеми во Црното Море“, изјавил поморскиот аналитичар Сатон, кој го опишал Толока ТЛК-150 како „убиец на торпеда“.
„Ова е природна еволуција на украинските поморски дронови!“, истакнува тој.
Толока е збор што се користи на руски и украински за да се опише спонтан заеднички проект дизајниран да го промовира општото добро.
За разлика од беспилотните површински возила што претходно ги користеше Украина за вознемирување на Црноморската флота на Крим, Толока ТЛК-150 лизга под површината на водата, што го отежнува забележувањето и пресретнувањето.
Долг нешто повеќе од 2,5 метри, обликуван е како торпедо – елегантен и тенок, со висок навигациски перископ. Носи и товар со експлозив, чии детали не се откриени.
Сатон открива дека Украинците сега се на самиот врв на развојот на поморските беспилотни летала и можат да и обезбедат значителна предност на украинската морнарица.
„Бидејќи се работи за подводно возило, помалку е можно да се открие и потешко е да се неутрализира со пукање. Тоа е речиси нерешлив проблем. Нејзината боева глава, исто така, удира под водената линија, така што е поголема веројатноста да ја потоне својата цел“ рече тој.
Брејв1 не соопшти кога Толока ТЛК-150 ќе стапи во употреба, но се очекува тоа да биде во следните неколку недели или месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.
Свет
Европска порака до Орбан: „Она што ѝ го правите на Украина е црвена линија, нашето трпение се троши!“
Белгискиот министер за надворешни работи Максима Прево и германскиот шеф на дипломатијата Јохан Вадефул во Берлин ја осудија заканата на Унгарија со вето на европскиот заем за Украина, еден ден по четвртата годишнина од руската инвазија врз земјата.
Вадефул на заедничка прес-конференција со белгискиот колега повторно изрази „запрепастеност“ од однесувањето на Унгарија.
„Унгарија мора да разбере дека трпението на останатите држави членки брзо се троши“, изјави Прево.
Европската унија сака да го усвои дваесеттиот пакет санкции против Русија, како и европски заем од 90 милијарди евра за финансирање на воените и финансиските потреби на Украина во 2026 и 2027 година. Орбан, ги блокира двата проекта и бара Киев најпрво да ги обнови испораките на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој беше оштетен во јануари.
Прево посочи дека сите се свесни за чувствителниот период поради изборите во Унгарија, но да се држат судбината и потребите на Украина како заложник во контекст на војна, тоа за него е црвена линија.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која во вторникот беше во Киев, изјави дека ЕУ ќе го одобри заемот за Украина „на овој или на оној начин“, и покрај опструкциите од Будимпешта.
Орбан дополнително ја заостри реториката кон Украина и ЕУ, обидувајќи се да ги прикаже како закана за унгарските национални интереси, пред сè енергетските, во пресрет на изборите во април.
Во средата Орбан изјави дека Украина планира да го наруши унгарскиот енергетски систем и нареди распоредување на војска околу критичната инфраструктура.
Во меѓувреме, според истражување на компанијата „Медиан“, опозициската партија од десниот центар Тиса дополнително ја зголемила предноста пред владејачката Фидес на Орбан.
Анкетата покажува дека Тиса има поддршка од 55 проценти од определените гласачи, наспроти 35 проценти за Фидес. Кога се зема предвид целата популација, 42 проценти ја поддржуваат Тиса, а 31 процент Фидес.
Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април.

