Свет
Ким Џонг-ун го поддржа Путин: Русија ќе ги победи империјалистите
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека Русија ќе победи во борбата против, како што рече, империјалистите.
Северна Кореја воспостави блиски врски со Кремљ и ја поддржа Москва по нападот на Украина минатата година, вклучително и признавањето на анектираните делови на Украина, потег што повеќето членки на Обединетите нации го нарекоа незаконски.
„Народе на Русија, ви испраќаме топли поздрави до вас, како и до руската армија и граѓаните што се борат за своето свето право да го одржуваат мирот во светот“, се вели во писмото на Ким до рускиот претседател Владимир Путин.
Ким исто така на Путин му го честита Денот на победата во Втората светска војна велејќи дека Русија ќе продолжи да ги штити својата автономија и регионалната стабилност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во БиХ, граѓаните коментираат на ЕМСЦ: „ Се тресеше и имаше силен звук“
Земјотрес е регистриран во Босна и Херцеговина.
Епицентарот бил во близина на Јабланица, на 38 километри од Мостар, а бил почувствуван и во Сараево.
Магнитудата на земјотресот била 3,1 степени според Рихтеровата скала.
Граѓаните коментираат на ЕМСЦ дека силно се тресело и имало силен звук.
Свет
Објавена фотографија од човекот поради кој Израел синоќа и утрово го бомбардираше Бејрут
Израелските напади во Бејрут во четвртокот доцна навечер и денеска рано наутро по локално време беа насочени кон Хашем Сафиедин, за кој се верува дека е најверојатниот наследник на неодамна убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала, изјави израелски официјален претставник за Си-Ен-Ен.
Во текот на ноќта и рано утринава израелската армија (ИДФ) изврши серија интензивни напади врз предградијата на Бејрут. Извор близок до Хезболах изјави за АФП дека Израел извршил 11 последователни напади врз Бејрут.
На снимката објавена од израелските медиуми се гледаат уништени згради и огромен облак од оган и чад над градот, додека американскиот Њујорк Тајмс тврди дека цел на ИДФ бил подземен бункер каде наводно се одржувал состанок на највисоките функционери на Хезболах, вклучувајќи го и Хашем Сафиедин, за кого тие тврдат дека бил цел на овие напади.
Засега не е јасно дали Сафиедин го преживеал нападот. Ниту ИДФ, ниту Хезболах се уште не го објавија ова.
Свет
Експлозии во Бејрут, Израел продолжува да напаѓа: Гаѓани бункери, цел бил човек кој би можел да стане нов лидер на Хезболах
Околу полноќ, Израел изврши напад врз подземен бункер во јужните предградија на Бејрут каде што се одржуваше состанок на кој присуствуваше можниот нов лидер на Хезболах, Хашем Сафиедин, со други високи претставници на либанската милитантна група, објави Њујорк Тајмс повикувајќи се на тројца неименувани израелски официјални лица.
Не е познато дали Сафиедин бил повреден во израелскиот напад, кој наводно бил еден од најмоќните од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах.
Сафиедин, роднина на убиениот лидер на Хезболах, Хасан Насрала, долго време е еден од највисоките функционери на организацијата и се смета за кандидат за нејзин нов генерален секретар, пишува Њујорк Тајмс.
Израелските власти претходно изјавија за американскиот весник дека Сафиедин бил еден од ретките високи лидери на Хезболах кој не бил присутен на местото што Израел го нападна минатиот петок, кога Насрала беше убиен.