Свет
Ким Џонг-ун се сретнал со претседателот на Кина во Пекинг
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, пристигна во Пекинг на ненајавената средба, по покана од кинескиот претседател, Си Џинпинг.
Според неофицијални извори на јужнокорејската агенција „Јонхап“, тие разговарале околу еден час за начините за усогласување на нивните ставови пред претстојниот самит помеѓу Ким и претседателот на САД, Доналд Трамп.
Исто така, се верува и дека разговарале за зајакнувањето на меѓусебните врски во период кога и двете држави ја одбележуваат 70-годишнината од дипломатските односи.
Севернокорејските и кинеските медиуми сè уште не известиле за средбата, се вели во соопштението од агенцијата.
Според севернокорејските медиуми, Ким пристигнал во Пекинг со специјален воз во утринските часови, во придружба на неговата сопруга Ри Сол Ју.
Се верува дека по завршетокот на самитот, Ким и неговата сопруга присуствувале на свечена вечера организирана од Си, а медиумите забележаа дека оваа средба е за време на 35. роденден на Ким.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.
Свет
Национален штрајк на фармацевтите во Италија
Во Италија денес се одржува национален штрајк на фармацевтите од приватните аптеки – прв ваков протест во секторот. Учествуваат околу 60.000 фармацевти од повеќе од 18.000 аптеки, во организација на синдикатите CIGL и други здруженија.
Штрајкот е реакција на неуспешните преговори за нов колективен договор, истечен во август 2024 година. Синдикатите ја обвинуваат Федерфарма дека не ги признава растечките трошоци за живот и професионалниот напредок на фармацевтите.
Отворени ќе бидат само општинските и дежурните аптеки.

