Европа
(Видео) Кина испрати помош во Италија, пристигнаа лекари, маски и опрема за борба против коронавирусот

Авион со тим специјалисти, лекари, медицинска опрема и други резерви од Кина пристигна во Италија.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека нивните медицински експерти се подготвени да ѝ помогнат на Италија, чиј здравствен систем е под голем притисок поради ковид-19.
Шефот на италијанската дипломатија, Луиџи ди Мајо, најави дека во Италија ќе дојдат кинеските лекари кои се справија со првите случаи на коронавирусот во Вухан. Нивната намера е да помогнат во лекувањето на заболените пациенти во Италија, каде што се потврдени повеќе од 10.000 заразени.
„На нашите лекари не им треба никој да ги учи за нивната работа, но кинеските лекари беа првите што се соочија со овој вирус и тие можат да го споделат своето искуство со нас“, изјави министерот Ди Мајо за телевизијата РАИ.
Покрај човечката помош, од Кина пристигнаа и бројни респираторни апарати, заштитни маски, опрема и други медицински материјали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Корупциски скандал во Брисел, „Хуавеј“ осомничен за поткуп на европратеници

Кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ е во центарот на новиот случај на корупција во Брисел. Денеска, белгиската полиција изврши претрес во домовите на неговите лобисти, откриваат Follow the Money и нивните медиумски партнери Le Soir и Knack.
Властите се сомневаат дека лобистите на „Хуавеј“ им дале мито на членовите на Европскиот парламент во замена за поддршка на нивната кауза во Европската Унија. Речиси 15 поранешни и сегашни пратеници се на радарот на истражителите, се дознава.
Во раните утрински часови белгиската федерална полиција изврши претрес во канцеларијата на „Хуавеј“ во ЕУ и во домовите на лобистите за кинеската технолошка компанија под сомнение за поткуп, фалсификување, перење пари и злосторничко здружување, изјавија луѓе блиски до истрагата за Follow the Money и белгиските медиуми Le Soir и Knack.
Вкупно 21 локација во Брисел, Фландрија, Валонија и во Португалија беа претресени како дел од широката истрага за корупција. Запленети се повеќе документи и предмети, но не се извршени претреси во Европскиот парламент.
Полицијата бара докази дека претставници на кинеска компанија го прекршиле законот при лобирање кај членовите на Европскиот парламент (ЕП), велат извори. Рациите во зората беа дел од истрагата на тајната полиција, која почна пред речиси две години по дојава од белгиската тајна служба.
Според еден извор близок до случајот, „петнаесетина (поранешни) пратеници се на радарот“ на истражителите. За сегашните европратеници, белгиските обвинители ќе мора да побараат од Европскиот парламент да им го укине имунитетот за да може да истражат понатаму. Такво барање сѐ уште не е поднесено, велат изворите.
Канцеларијата на белгиското федерално обвинителство потврди дека неколку лица биле испрашани. Тие ќе бидат сослушани за нивната наводна вмешаност во практики на поткуп во Европскиот парламент и за фалсификување и употреба на фалсификувани документи. Се претпоставува дека делата ги извршила криминална организација.
Европа
Русија: Ја ослободивме Суџа

Руските војници во изминатите 24 часа го ослободија градот Суџа и уште две населени места во пограничниот регион Курск, соопшти утринава руското Министерство за одбрана.
„Единиците на борбената група Север ги ослободија Меловои, Подол и Суџа во офанзивни операции“, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Кремљ: Американските преговарачи се на пат, одредени информации ѝ се доставени на Русија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека американските преговарачи се на пат за Москва.
„Точно е дека американските преговарачи се на пат и точно е дека се планираат контакти. Да не брзаме, ќе ви кажеме подоцна“, рече Песков.
„Веќе е остварен контакт – имаше телефонски разговор меѓу американскиот советник за национална безбедност, Мајк Валц, и советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков. Одредени информации ѝ се доставени на Русија“, додаде тој.
Песков не потврди дека Русија им дала на САД список со барања за договор со Украина. Ова претходно го објави новинската агенција „Ројтерс“ цитирајќи две лица запознаени со ова прашање.