Свет
Кина му честита на Трамп
Кинеското Министерство за надворешни работи му ја честита победата на Доналд Трамп.
„Го почитуваме изборот на американскиот народ и му честитаме на г-дин Трамп за изборната победа“, се наведува во соопштението.
Кинескиот лидер Кси Џинпинг се уште не се огласи јавно за резултатите од изборите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден го покани Трамп во Белата куќа
Џо Бајден му се јави на новоизбраниот претседател, Доналд Трамп, за да му ја честита изборната победа и да го покани во Белата куќа на состанок поврзан со трансферот на власта.
Белата куќа соопшти дека Бајден ја изразил својата посветеност за обезбедување непречена транзиција на власта и ја нагласил важноста да се работи за обединување на земјата.
Бајден утре ќе и се обрати на нацијата за да зборува за резултатите и трансферот на власта.
Претходно, поразената на изборите, актуелната потпретседателка Камала Харис, му се јави на Трамп, го призна поразот и му честиташе за победата.
Свет
Шефицата на кампањата на Харис: Незамисливо болна загуба, сега треба да ги заштитиме САД од Трамп
Шефицата на претседателската кампања на Камала Харис изјави дека загубата е неверојатно болна.
Во е-пошта до сите членови на кампањата, Џен О’Мали Дилон напиша: „Тешко е. Ќе треба долго време да се обработи ова. Но, работата за заштита на Америка од последиците од претседателството на Трамп започнува сега“.
„Знам дека потпретседателката не заврши со оваа борба и знам дека луѓето на кои им ја испраќам оваа е-пошта исто така ќе бидат лидери во оваа заедничка мисија“, продолжи таа.
Дилон, која исто така раководеше со победничката кампања на Џо Бајден во 2020 година, го пофали нејзиниот тим за нивната напорна работа од почетокот на кампањата во јули, велејќи дека „дале се од себе“.
„Изградивте првокласна, историска претседателска кампања во основа за 90 дена“, напиша таа.
„Поминавте низ работи низ кои никој никогаш не морал да помине, а веројатно никогаш повеќе нема да помине“.
Свет
Харис му се јавила на Трамп, го признала поразот и му честитала
Камала Харис му се јави на Доналд Трамп да го признае поразот на изборите и да му честита за победата, изјави висок помошник на Харис за „Ен-би-си Њуз“.
Како што наведе, потпретседателката разговарала за важноста на мирен трансфер на власта и дека претседателот треба да биде претседател на сите Американци, рече помошникот.
Според двајца други помошници, Харис го поминала утрото и попладнето подготвувајќи го својот говор за признавање на поразот, кој треба да го одржи вечерва.