Свет
Кина потврди уште еден случај на африканска чума
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/svinji.jpg)
Кина во четвртокот потврди уште еден нов случај на африканска свинска чума во централната провинција Хубеи.
Појавата на африканската чума во градот Хонгху усмрти три свињи на фарма со 32 свињи, се вели во соопштението на Министерството за земјоделство и рурални работи објавено на нивната веб-страница.
Кина, најголемиот светски потрошувач на свинско месо, забележа над 140 појави на африканска свинска чума од првиот случај регистриран во август минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Шолц: Следната задача е да се осигура дека нема наметнат мир за Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/olaf-sholc.jpg)
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека договорот за ставање крај на војната во Украина не треба да му се наметнува на Киев, откако американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор се согласи да ги отвори преговорите со рускиот претседател Владимир Путин.
„Следната најважна задача е да се осигураме дека мирот не е наметнат никому“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц за „Политико“.
Тој нагласи дека на Украина треба да и се остави доволно простор за развој и по прекинот на огнот. Ова важи и за воените сили.
„Украина мора да има силна армија, поголема од пред војната, а таа армија мора да биде опремена и со западно оружје“, рече канцеларот.
АФП пренесува дека Шолц во интервјуто нагласил дека трансатлантското единство мора „секогаш да биде загарантирано“.
Шолц додаде дека исто така не треба да има конечно решение без согласност на САД и ја истакна улогата на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Разговорите што ги имав со американскиот претседател и разговорите на моите советници со советниците на Доналд Трамп одат во насока на надеж и очекување дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина“, рече Шолц.
Канцеларот во исто време ја отфрли можноста за испраќање германски војници во Украина во овој момент.
„Сите знаат дека тоа сега не доаѓа предвид“, рече тој.
Во оваа фаза „не е јасно под кои услови Украина би била подготвена да се согласи на мировен договор“, рече Шолц.
Регион
Обвинителство во БиХ: Мајката и детето најверојатно се убиени со задушување, се чека обдукција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/b_250213022.jpg)
Како што соопштија од Обвинителството на кантонот Тузла, дежурниот обвинител и истражителите од секторот за криминалистичка полиција при МВР на кантонот Тузла синоќа извршиле увид на лице место во семеен стан во Калесија, каде во вечерните часови биле пронајдени две безживотни тела, 37-годишна жена и нејзиниот 13-годишен син.
Осомничениот за двојното убиство моментално е во бегство и по него се трага.
„Најверојатно жената и синот се убиени од задушување. Денеска ќе биде издадена наредба за обдукција на телата на починатите за да се утврдат точните причини за смртта. Во тек се сите потребни истражни дејствија кои по наредба на обвинителството ги спроведуваат истражителите за утврдување на сите околности поврзани со двојното убиство“, соопшти Обвинителството, пренесе „Кликс“.
Европа
(Видео) Зеленски му воведе санкции на Порошенко, причината може да е велепредавство, објави „Форбс“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/poroshenko.jpg)
Советот за национална безбедност и одбрана на Украина воведе санкции за Петро Порошенко, објави поранешниот претседател во соопштението.
Претседателот Володимир Зеленски рече дека официјалната уредба ќе биде објавена на 13 февруари, но не го спомна Порошенко по име, пишува Киев Индипендент.
Порошенко во својата видео изјава не прецизираше какви ограничувања ќе му бидат наметнати, но санкциите би можеле да бидат поврзани со наводно „велепредавство“, објави Форбс Украина, повикувајќи се на два извори.
„Советот за национална безбедност и одбрана штотуку донесе неуставна, политички мотивирана одлука да воведе санкции против мене, Петро Порошенко, лидерот на опозицијата и петти претседател на Украина“, рече Порошенко во соопштението.
„Денес Зеленски му зададе силен удар на внатрешното единство до кое нашиот тим строго се придржува од февруари 2022 година и кое е нашето главно оружје во борбата против агресорот“, рече тој.
„Целата одговорност за негативните последици е директно на него“, додаде Порошенко.
Зеленски во вчерашното вечерно обраќање рече дека учествувал на седница на Советот за одбрана и дека нивните одлуки ќе бидат објавени следниот ден.
„Ние ја браниме нашата земја и ја враќаме правдата. Секој што ја уништи националната безбедност на Украина и и помогна на Русија мора да одговара за своите постапки“, рече Зеленски, без да прецизира кој точно би можел да биде казнет и што значи тоа.