Свет
Кина протестира против одлуката на ЕУ да ги зголеми царините за кинеските електрични возила

Кинеското Министерство за трговија протестираше против одлуката на Европската унија да ја зголеми царината за увоз на електрични возила од Кина на дури 38 отсто, нарекувајќи ја „неразумна“.
Во трговскиот спор околу субвенциите на Пекинг, за кои Брисел вели дека им штетат на европските производители на автомобили, ЕУ планира да воведе увозни царини од 17,4 до 38,1 отсто за електричните возила што ги извезуваат во Европа и кинеските и други компании од целиот свет, вклучително и Тесла.
Портпаролот на кинеското министерство Хе Јадонг рече дека како подготовка за одлуката, ЕУ барала премногу информации од кинеските производители на автомобили, а потоа неправедно ги обвинила дека не соработуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Нов инцидент меѓу Макрон и Брижит: повторно во авион

Францускиот претседател Емануел Макрон имаше нов инцидент кога пристигна во Велика Британија на тридневна државна посета кога неговата сопруга, Брижит Макрон, наводно го игнорирала додека излегувале од авионот, само неколку недели откако снимките од нивната физичка пресметка станаа вирални.
Двојката слета со приватен авион во RAF Northolt, каде што ги пречекаа принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон. Додека се симнуваа по скалите, Макрон ја подаде раката за да ѝ помогне на сопругата, но Брижит ладно го отфрли и наместо тоа се потпре на оградата.
Потоа Макрон ја спушти раката и се сврте кон кралскиот пар, каде што ја бакна раката на принцезата Кејт во гест на наклонетост.
Откако влегоа во автомобилот што ги однесе до Виндзор, сопружниците не изгледаа опуштено – Макрон ги прегледа документите, додека Брижит го извади телефонот од чантата и го погледна екранот, пишуваат светските агенции.
Инцидентот, како што анализираат, се случува откако во мај, за време на нивната официјална посета на Виетнам, камерите на аеродромот во Ханој го снимија моментот во кој Брижит, ја крена раката кон лицето на претседателот Макрон и го турна подалеку. Потоа Макрон погледна кон печатот и им мавна на присутните пред заедно да се симнат по скалите. Потоа, таа одби да ја прифати неговата рака.
Денес, по пристигнувањето во Велика Британија, Макрон повторно се обиде да ја фати Брижит за рака, но таа повторно го одби.
Извор близок до претседателската двојка за француската BFMTV се обиде да го минимизира непријатниот момент, велејќи дека станува збор за „брачна расправија“ и дека тоа бил „момент на релаксација и забава пред официјалниот почеток на посетата“.
И покрај непријатното пристигнување, Макрон и неговата сопруга беа пречекани со сите државни почести. Тие се сретнаа со кралот Чарлс и кралицата Камила на кралскиот подиум во центарот на Виндзор. Потоа, тие се упатија кон замокот во церемонијална кочија заедно со принцот и принцезата од Велс.
Во дворот на замокот ќе се одржи свечен прием.
Вечерва е планиран државен банкет во средновековната сала каде што околу 160 гости ќе седнат на богато украсена маса долга 50 метри. Кралот Чарлс и Емануел Макрон ќе одржат говори по тој повод. Сè уште не е потврдено дали Кејт Мидлтон ќе присуствува на вечерата.
Регион
Поради екстремните горештини затворен познатиот Акропол во Грција

Поради екстремната топлина што ја зафати Грција, познатиот Акропол во Атина ќе биде затворен за посетители до 17 часот.
Во земјата се очекуваат температури до 42 степени, а издадени се и бројни предупредувања поради зголемениот ризик од пожар, јавува Би-Би-Си.
Грчките власти одлучија повторно да го затворат Акрополот, еден од најпосетуваните археолошки локалитети во Европа, додека метеоролозите најавуваат нови високи температури и многу висок ризик од пожар.
Министерството за култура објави дека Акрополот ќе биде затворен во најжешкиот дел од денот, помеѓу 13 и 17 часот.
„Мерката е усвоена за безбедноста на вработените и посетителите“, соопшти Министерството за култура. Повеќе од 4,5 милиони луѓе го посетуваат Акрополот годишно.
Свет
Жена во Велика Британија прва прими нов лек против дијабетес

Мајка на две деца е првата возрасна личност во Велика Британија што ќе прими револуционерен лек што може да ја одложи потребата од инсулин кај пациенти со дијабетес.
Хана Робинсон (36) прими „теплизумаб“ во Фондацијата за здравствена заштита на Универзитетот „Ројал Девон“ – NHS откога за време на нејзината бременост беше откриено дека е во раните фази на развој на дијабетес тип 1.
Кај дијабетес тип 1 имунолошкиот систем ги напаѓа клетките во панкреасот што произведуваат инсулин, што значи дека телото повеќе не може да го регулира нивото на шеќер во крвта и луѓето со оваа состојба треба да земаат инсулин секој ден. Ако шеќерот во крвта е превисок или пренизок, тоа може да предизвика сериозни здравствени проблеми, па дури и смрт.
„Теплизумаб“ веќе е одобрен во САД и дејствува така што му кажува на имунолошкиот систем да престане да ги напаѓа клетките на панкреасот одложувајќи ја потребата за инсулин за просечно три години. „Теплизумабот“ мора да се дава во најраната фаза од болеста за да биде ефикасен, објавува „Индипендент“.
„За мене, овој нов лек значи поголема слобода и можност да се фокусирам на моето здравје пред да морам да земам инсулин секој ден. Не станува збор само за тоа што јадам или како ја следам мојата гликоза, туку за можноста да имам поголема контрола и да не се чувствувам дефинирана од мојата состојба“, рече Робинсон додавајќи:
„Овој третман потенцијално би можел да го отвори патот за иден лек за дијабетес тип 1, што е неверојатно. Се чувствувам многу среќно што сум дел од ова“.
Фото: Royal Devon University Healthcare NHS Foundation Trust