Свет
Кинезите создадоа вирус сличен на короната, стапката на смртност е 100 отсто и молскавична: „Ова лудило мора да се прекине“
Кинеските научници експериментираа со мутиран вид на коронавирусот, кој се покажа дека е 100 проценти смртоносен кај хуманизираните глувци – и покрај загриженоста дека таквото истражување може да предизвика нова пандемија.
Како што пишува „Јутарњи лист“, научниците од Пекинг, кои се поврзани со кинеската армија, клонирале вирус сличен на короната и го користеле за да заразат глувци.
GX_P2V ги нападнал мозоците на глувците, кои биле конструирани да рефлектираат сличен генетски организам на луѓето, и било проценето како вирусот би можел да реагира доколку зарази луѓе, објавено е во студија од Пекинг минатата недела.
„Ова го нагласува ризикот од пренесување GX_P2V на луѓето и обезбедува уникатен модел за разбирање на патогените механизми на вирусите поврзани со короната“, напишаа авторите на студијата.
Смртоносниот вирус е мутирана верзија на GX/2017, слична на коронавирусот, откриен кај малезиските панголини во 2017 година, три години пред пандемијата.
Сите глувци што биле заразени со вирусот умреле за осум дена, а истражувачите истакнуваат дека станува збор за изненадувачки брза смртност.
Вирусот GX_P2V ги инфицирал белите дробови, коските, очите, душникот и мозокот на глувците и на крајот ја предизвикал нивната смрт. Во деновите пред смртта глувците бргу изгубиле тежина, се стуткале и слабо се движеле. Можеби најстрашното од сè, еден ден пред да умрат, нивните очи целосно побелеле, пишува „Њујорк пост“.
Ова е прва студија од ваков вид што објави 100 отсто стапка на смртност кај глувци заразени со вирус поврзан со короната и далеку ги надминува резултатите од другите студии. Но, резултатите од оваа студија не покажуваат јасно како тоа би влијаело врз човечките суштества.
Експертот за епидемиологија на Институтот за генетика на Универзитетот во Лондон, Франсоа Балу, го критикуваше ова истражување и го нарече научно целосно бесмислено.
„Не гледам ништо што би можело да се научи од насилно инфицирање на необичен вид хуманизирани глувци со случаен вирус. Од друга страна, познато е дека таквите работи може да тргнат наопаку“, напиша професорот на социјалната мрежа „Икс“.
„Нивото на биолошка безбедност и мерките на претпазливост користени во истражувањето не се прецизирани. Отсуството на оваа информација ја зголемува можноста дека дел или целото ова истражување, како она во Вухан во 2016-2019 година, кое веројатно ја предизвика пандемијата на короната, е непромислено спроведено без минимална биолошка безбедност и практики неопходни за истражување на потенцијалните причини за пандемијата“, истакнува Балукс.
Ричард Ебрајт, професор по хемија и хемиска биологија на Универзитетот „Ругер“, ја повтори загриженоста на Балух со едноставно: „Се согласувам“.
Пензионираниот професор по медицина на „Стенфорд“, Генадиј Глински, напиша дека „ова лудило мора да се прекине пред да биде предоцна“.
Се чини дека оваа студија од 2024 година нема никаква врска со Кинескиот институт за вирологија во Вухан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

