Свет
Кинеска нуклеарна подморница фатена во стапица, загинале 55 морнари, според британски извештај
Кинеска нуклеарна подморница наводно е фатена во стапица кога требало да зароби британски подводни пловила во Жолтото Море. Се стравува дека загинале 55 кинески морнари, јавуваат британски медиуми. Според британскиот извештај, морнарите загинале на 21 август бидејќи системот за кислород на подморницата не функционирал, што предизвикало труење на екипажот.
Се верува дека меѓу загинатите е капетанот на кинеската подморница и уште 21 офицер. Кина официјално негира дека инцидентот се случил.
„Разузнавањето известува дека на 21 август се случила несреќа за време на мисија во Жолтото Море. Инцидентот се случил во 8,12 часот по локално време, а загинале 55 члена на екипажот. Меѓу загинатите е и капетанот, полковник Ксуе Јонг-Пенг“, се наведува во британскиот извештај, а нема друга независна потврда за наводната загуба на кинеската подморница.
„Се верува дека смртта е предизвикана од хипоксија поради дефект на системт на оподморницата. Подморницата удрила во бариерата со синџир и котва, што ја користела кинеската морнарица за заробување на американските и сојузничките подморници. Ова резултирало со дефекти на системот за кои биле потребни шест часа за да се поправат, а пловилото е извлечено на површината“, се заклучува во извештајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

