Свет
Кинески град забрани мажите да се шетаат со маици кренати над папокот
Секое лето во текот на големите жештини средовечните мажи низ Кина ги креваат своите маици над папокот за да се разладат, објави Си-ен-ен.
Таквиот стил на носење маица е толку распространет низ земјата што дури и стекнал сопствен назив кој се нарекува „пекиншко бикини“. Меѓутоа, во кинеската провинција Шандонг љубителите на ваквото бикини западнаа во немилост на локалните власти и сега мора да ги променат своите навики за разладување.
Во вторникот властите во главниот град на провинцијата Шандонг, Жинан, кој има неколку милиони жители, издадоа декрет според кој маиците, односно кошулите мораат да се носат на вообичаен начин на јавни места. Со оглед на тоа што температурите се зголемија на 36 Целзиусови степени во текот на неделава, машката популација на градот си зеде слобода, па луѓето масовно се шетале со разголени стомаци или во целост ги соблекле маиците, што е вообичаен тренд во целата земја.
Властите во Жинан сметаат дека ваквите навики се непристојни, а додаваат дека и самите граѓани се жалат на феноменот кој го нарушува имиџот на градот. Од таму објавија дека ќе стават крај на овој тренд на, како што се вели, безобѕирно изложување на телото на јавни места. На мета на влaстите се нашле и други работи, како јавни расправии меѓу граѓаните, непочитување на редовите за чекање, несоодветно фрлање отпад и несоодветно шетање кучиња. Сите овие забрани имаат за цел да го подобрат јавниот имиџ на градот.
Сепак, на социјалните мрежи многу граѓани сметаат дека локалните власти претерале со одлуката. Како причини за нивното противење наведуваат дека разголеното тело ги намалува емисиите на јаглерод диоксид и дека на постарите треба да им се даде слобода да се чувствуваат поудобно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вашингтон одложил неколку испораки на оружје за Израел
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден одложи неколку испораки на оружје за Израел во изминатите две недели, изјави неименуван извор за Политико.
Изворот близок до администрацијата тврди дека Вашингтон на тој начин сака да испрати политичка порака до Тел Авив.
Белата куќа, се вели, не може да поддржи израелска офанзива врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа без соодветен и веродостоен хуманитарен план.
Одложените пратки вклучуваат опрема за наведувани бомби направени од Боинг, дизајнирани да бидат попрецизни.
Свет
(Видео) На аеродромите во Велика Британија илјадници патници блокирани: Проблемот е на „национално ниво“
Аеродромите низ Велика Британија се во хаос откако сите порти беа затворени поради компјутерска грешка во граничните служби, пишува Дејли мејл.
Сликите на социјалните мрежи покажуваат огромни редици пред портите додека илјадници луѓе чекаат да им ги проверат пасошите.
At Heathrow Airport and no one is allowed to get through passport security. The queue is way longer than this. Apparently the issue is a system outage. pic.twitter.com/QdGhlLezZS
— Roshane Thomas (@RoshaneSport) May 7, 2024
Се шират гласини дека Хитроу не е единствениот аеродром погоден од наводната грешка, туку и Манчестер и Гетвик.
Big issues at Heathrow Passport Control with every single E-Gate not working. This is T3 pic.twitter.com/EkzcYGRckP
— Sam Morter (@SamuelMorter) May 7, 2024
Персоналот на Хитроу, наводно, им рекол на патниците во редици дека тоа е национален проблем.
Fun at Heathrow T5. Computers down at border control. Massive queue. Staff trying their best to keep people informed and some very entitled people here! #heathrow #bordercontrol #T5 pic.twitter.com/kKk2SdUtT4
— Nikki Woodruff 💙 (@ManicPeanut) May 7, 2024
Една патничка за „Дејли мејл“ изјавила дека чекала ред цел час, а персоналот на аеродромот почнал да дели вода.
Таа додаде дека на луѓето им било кажано дека аеродромот работи на алтернатива за проверка на документите на патниците.
Регион
Кси слета во Србија: Претседателот на Кина пречекан од Вучиќ и државниот врв
Заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Кси Џинпинг беше пречекан на црвениот тепих од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со сопругата.
Свечениот пречек на кинеската делегација која брои 400 лица е закажан за в среда пред палатата „Србија“.
Домаќин на претседателот Кси Џинпинг ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ, а двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми – од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.
За време на дводневната посета на Кси Џинпинг на Србија, планирано е да се потпишат над 30 договори.
Беше организиран и свечен ручек на кој кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески јазик, која ќе заврши со песната „Ова е Србија“.
Поради доаѓањето на кинескиот претседател преземени се големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци.