Свет
Кинески министер: Ким Џонг-ун нареди поддршка за Русија веднаш штом почна војната
Севернокорејскиот министер за надворешни работи Чое Сон Хуи денеска изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун наредил поддршка и помош за руската армија веднаш штом почна војната во Украина.
„Веднаш штом почна специјалната воена операција почитуваниот претседател Ким Џонг-ун даде инструкции дека, без да гледаме назад кон другите, ние доследно и силно ги поддржуваме и им помагаме на руската армија и на рускиот народ во нивната борба“, рече министерот за време на состанокот во Москва со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесе агенцијата „РИА новости“.
За време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Пјонгјанг во јуни Русија и Северна Кореја го потпишаа договорот за сеопфатно стратешко партнерство, кој предвидува дека во случај на вооружен напад од која било страна другата страна веднаш ќе обезбеди воена и друга помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Екстремно време и во Норвешка, во сила предупредувањата за поплави и лизгање на земјиштето
Невреме предизвика поплави и лизгање на земјиштето во југозападна Норвешка, уште една европска земја погодена од екстремни временски настани, јавуваат локалните медиуми.
Врнежите утринава се намалени, изјави метеорологот Џули Солсвик за телевизијата НРК, додавајќи дека предупредувањата за поплави и лизгање на земјиште сè уште се во сила.
Според полицијата, засега нема пријавени исчезнати или повредени поради невремето.
Extreme rainfall in Norway: A whole town is isolated, flooding collapses a bridge https://t.co/jBAJ87382r pic.twitter.com/fARKop6zKD
— Nordic News (@Nordic_News) October 31, 2024
„Ситуацијата е драматична“.
Пристапот до градот Ода, каде што живеат околу 5.000 луѓе, на речиси 60 километри југоисточно од Берген, беше блокиран утринава кога се урна мост. Сите други пристапни патишта до градот беа затворени поради невремето.
Градоначалникот Ода ја опиша ситуацијата како драматична за новинската агенција НТБ вчеравечер. Подрумот што му припаѓа на историскиот хотел „Уленсванг“ бил поплавен во текот на ноќта, јави НРК. Се вели дека во подрумот на хотелот се чуваат многубројни антиквитети и уметнички дела.
Невремето во Норвешка следува по разорните поплави во Шпанија оваа недела, во кои загинаа речиси 160 луѓе, а десетици сè уште се водат за исчезнати.
Свет
Кремљ се огласи за паричната казна за „Гугл“ од 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 долари
Властите во Русија денеска објавија дека огромната казна од 2,5 квинтилиони долари што му ја изрекоа на „Гугл“ од московскиот суд е првенствено симболичен гест што треба да ја поттикне американската технолошка компанија да ги укине ограничувањата за емитување на руските државни канали на „Јутуб“.
Казната што „Гугл“ треба да ја плати е поголема од вкупната сума на пари во целиот свет, пренесува „Гардијан“.
„Не можам ни да ја изговорам оваа бројка, но веројатно е симболична“, изјавил за руските новински агенции портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, казната треба да го поттикне „Гугл“ повеќе да не го ограничува функционирањето на руските радиодифузери.
„Јутуб“ сè уште е достапен во Русија, но властите во Москва се заканија дека ќе го отстранат од мрежата поради забраната за содржина од државните руски медиумски компании.
Руските судови во повеќе наврати го казнија „Гугл“, сопственикот на платформата „Јутјуб“, а казната се зголемува секој ден додека компанијата не ги исполни барањата на Москва, додава британскиот весник.
Регион
(Видео) Се урна дел од железничката станица во Нови Сад, има повредени
Натстрешник над влезниот дел на железничката станица денеска се урна во Нови Сад, а се верува дека има повредени.
Голем број екипи на брзата помош, полиција и пожарникари се на терен, пишува „Независне новине“.
Според очевидци, oдекнало како бомба.
„Работиме во зградата спроти железничката станица. Кога падна, нашата зграда буквално се стресе“, вели соговорничката на „Дневник“.
Obrušila se nadstrešnica na ulazu u tek obnovljenu zgradu železničke stanice u Novom Sadu. Više vozila hitne pomoći na licu mesta ukazuje na to da ima i povređenih. https://t.co/bFALh6HMwA pic.twitter.com/UHWalC6zFc
— Demokratska stranka Novi Sad (@GODSNoviSad) November 1, 2024
Според првичните информации, до несреќата дошло кога се урнале столбовите што ја потпираат бетонската конструкција на фасадата на железничката станица.
Некои од српските медиуми јавуваат дека станува дел за стариот дел од натсетршникот, кој не бил опфатен со реновирањето.
Во јули заврши реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, односно нејзината централна сала со шалтери.
View this post on Instagram
Пред отворањето на брзата пруга од Белград до Нови Сад делумно беше реновирана железничката зграда на станицата во Нови Сад кога беше поставен лифт, кој ги поврзува холот и пероните на станицата, потсетува „Н1“.