Свет
Климкин: Украина го задржува правото да се одбрани од Русија
Украинскиот министер за надворешни работи, Павло Климкин, изјави дека Украина го задржува правото да се одбрани од Русија. Тој не ја исклучува можноста дека Москва ќе продолжи со агресивни чекори и на копно и на море.
„Ројтерс“ пренесува дека Русија ги одбила повиците на меѓународната заедница за ослободување на украинските морнари и три брода, кои ги заплени синоќа, за кои рече дека незаконски влегле во руските територијални води.
„Украина ќе побара да пронајде пат за мирно решавање на спорот, но природно, го задржува правото да примени самоодбрана“, рекол Климкин, пренесе ТАС.
Според него, потезите на Русија одат против општото меѓународно право и против конвенцијата на ОН за право на море. Климкин нагласи дека за тоа ќе се расправа на седница на Советот за безбедност на ОН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ИДФ: Неколку врвни ирански лидери убиени во нападите
Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврди дека врвни ирански функционери биле цел на денешните напади.
Според него, „голем број врвни ирански лидери“, вклучувајќи го и командантот на Револуционерната гарда, биле „мета“ во заедничките американско-израелски напади.
Непотврдена вест за смртта на Хамнеи, прослави на улиците на Техеран
Прославите започнаа во некои населби на Техеран вечерва откако се прошири веста за смртта на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи. Според извори од терен, низ улиците одекнувале автомобилски сирени и радосни извици.
Порано во текот на денот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека има „сè поголеми индикации“ дека иранскиот врховен лидер „веќе го нема“, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена, пишува BBC Persian.
Свет
(Видео) Трамп снимен како танцува во Мар-а-Лаго пред нападот врз Иран
Само неколку часа пред американската војска да започне со напади врз Иран, Доналд Трамп беше снимен како им се придружува на гостите на донаторска вечер во неговиот хотел Мар-а-Лаго синоќа. Видеата што се појавија го покажуваат Трамп во опуштено расположение непосредно пред воената операција.
Last night before bombs fell in Iran, President Trump made an appearance at a fundraiser at Mar-a-Lago and danced to the song "God Bless the USA" before bidding the guests farewell.
“We gotta go work. I gotta go to work!” pic.twitter.com/jU9ZZxYyaQ
— Charlie Spiering (@charliespiering) February 28, 2026
Една снимка, до која дојде Дејли Меил, го покажува Трамп како се ниша на песната „God Bless the USA“ од Ли Гринвуд во балска сала додека гостите пеат заедно. Друго видео, објавено од корисникот на Инстаграм Ник Шефер, исто така го покажува Трамп како се движи во ритам на музиката.
Во еден момент, тој им се обраќа на гостите. „Сите да се забавувате“, вели Трамп. „Ние мораме на работа, јас морам на работа“.
Свет
Шпанија ги осуди нападите врз Иран, Санчез повикува на деескалација
Шпанскиот премиер Педро Санчез остро ги осуди нападите на САД и Израел врз Иран, предупредувајќи дека тие би можеле да ги зголемат тензиите во регионот и да придонесат за „понесигурен и непријателски расположен меѓународен поредок“. Одговорот на Мадрид беше подиректен од многу други светски лидери, кои најчесто повикуваа на воздржаност и почитување на меѓународното право без директно да ги критикуваат САД или Израел, објави Euronews.
Rechazamos la acción militar unilateral de EE.UU. e Israel, que supone una escalada y contribuye a un orden internacional más incierto y hostil.
Rechazamos igualmente las acciones del régimen iraní y de la Guardia Revolucionaria. No podemos permitirnos otra guerra prolongada y…
— Pedro Sánchez (@sanchezcastejon) February 28, 2026
„Ја отфрламе едностраната воена акција на САД и Израел, што претставува ескалација и придонесува за понесигурен и непријателски расположен меѓународен поредок“, напиша Санчез на социјалната мрежа Икс.
Неговата изјава дојде по серијата напади од страна на САД и Израел низ Иран. Целите наводно вклучувале објект во центарот на Техеран за кој се верува дека е резиденција на 86-годишниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи.

