Свет
Клaпер: Извештајот за руското хакирање почива на човечки ресурси, технички податоци и јавни информации
Директорот на американското национално разузнавање Џејмс Клапер изјави во вторникот дека извештајот за тоа дека Русија наводно ги организирала хакерските напади во претседателската кампања во САД во 2016-та се темели на комбинација од човечки ресурси, собирање технички подароци и јавно достапни информации.
На сослушувањето пред комитетот за национална безбедност на Сенатот, Џејмс Клапер изјави дека поголемиот дел од извештајот е класифициран поради заштита на чувствителните извори и методи.
Калпер, исто така, тврдеше дека Русија се обидела да влијае на изборите во „најмалку неколку десетици земји“.
„Русија и натаму е еден од главните играчи во кибернетичкиот простор ширум светот“, додаде челникот на американското разузнавање.
Американските разузнавачки служби Централната разузнавачка агенција (CIA), Националната агенција за безбедност (NSA) и Федералното биро за истраги (FBI) минатата седмица објавија извештај од 16 страници, дел од поширок, во кој се обвинува русиот претседател Владимир Путин дека наредил да му се помогне на републиканецот Донлад Трамп да ја победи на претседателските избори демократката Хилари Клинтон.
Администрацијата во Вашингтон тврди дека целат била да се поткопа довербата во американскиот демократски процес и во институциите. Притоа добар дел од извештајот е посветен на русите меѓународни медиуми, како агенцијата Sputnik и телевизијата RT, кои наводно влијаеле врз јавното мнение во западните земји.
Интересно е што во извештајот се заклучува дека иако наводно руски хакери имале пристап до информатичкиот систем на одредени изборни комисии, не било влијаено врз конечниот исход од претседателските избори на 8-ми ноември./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

