Свет
Ковид-19 мутира, досега идентификувани осум типа

Новиот коронавирус мутира како и другите вируси и засега има осум типа кои кружат на планетава, тврдат експертите, а добрата вест е дека мутациите не се смртоносни, вели Тревор Бедфорд, чиј портал NextStrain го следи геномот на вирусот со помош на примероци од целиот свет.
Експертите го секвенционираат геномот на коронавирусот и откриваат видови што се појавиле откога вирусот минатата година првпат премина од животните на човекот во кинескиот град Вухан.
Нивните трудови покажуваат дека висурот мигрира и се дели во слични, но и во нови поттипови, пишува американското списание „Ју-ес-еј тудеј“.
„На прашањето дали вирусот генетски се менува, одговорот е апсолутно – да. Прашање е дали се случила некоја промена која ја одредува насоката на движење на болеста или преносот или другите работи што се важни за луѓето“, вели епидемиологот од „Харвард“, Марк Липсич.
Новите типови се незначително променети и нема разлика во смртноста, истакнуваат експертите.
„Вообичаената стапка на мутирање (околу две месечно) е сосем вообичаена за вирусите. Грипот обично има ист број мутации, понекогаш и повеќе“, истакна Бредфорд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Политико: ЕУ започна огромен проект за инвестирање во одбраната

ЕУ има за цел да започне огромен проект за градење на својата одбранбена индустрија со цел да ја одврати Русија и да ја поддржи Украина додека САД се повлекуваат од континентот, се вели во нацртот на таканаречената Бела книга за одбраната до која дојде Политико.
„Обновата на европската одбрана бара огромни инвестиции во долг период“, се наведува во нацртот.
Документот, подготвен од комесарот за одбрана на ЕУ, Андриус Кубилиус и шефот на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, треба да им биде претставен на водачите на ЕУ следната недела. Нацртот сепак може да се промени пред објавувањето.
Клучните елементи на новата политика на ЕУ вклучуваат давање приоритет на производството на оружје во блокот и на „компании со истомисленици од трети земји“, поттикнување заедничко купување оружје, олеснување на финансирањето на одбранбените проекти, фокусирање на клучните области каде што на блокот му недостигаат капацитети како што се воздушната одбрана и воената мобилност и намалување на бирократијата околу одбранбените инвестиции.
Свет
Најголемата американска банка ги предупредува клиентите: Никогаш не сме виделе пад како оној на „Тесла“

Најголемата американска банка, JPMorgan, предупреди на драматичен пад на вредноста на „Тесла“ под водство на Илон Маск, наведувајќи дека никогаш досега не видела толку голема и брза загуба во автомобилската индустрија.
Форбс пишува дека JPMorgan во новата белешка до клиентите истакна дека пазарната вредност на „Тесла“ паднала за 127 милијарди долари оваа недела за само еден ден, додека политичкиот ангажман на Маск станува сè поконтроверзен.
„Тешко ни е да се потсетиме на нешто слично во историјата на автомобилската индустрија, каде што бренд изгуби толку многу вредност за толку кратко време“, пишуваат аналитичарите на JPMorgan.
Предводен од автомобилскиот аналитичар Рајан Бринкман, извештајот на банката ја намали прогнозата за испорака на возила на „Тесла“ за првиот квартал од 444.000 на 355.000, што е пад од 20%. Ова ги одразува стотиците милијарди долари што Тесла ги загуби во последните месеци.
Главната причина за овој пад, според JPMorgan, е „акутното“ влијание на политичките активности на Маск додека тој презема „сè поподелена улога во владата“ – финансиски еуфемизам за оценката дека Маск ја уништува „Тесла“ со својот политички ангажман.
„Работата на Маск на DOGE предизвика контроверзии во земјата“, напиша Бринкман, според „Бизнис Инсајдер“, додавајќи дека „иако има еднаков број на оние од десната страна кои се задоволни и оние од левата страна кои се незадоволни, влијанието врз продажбата на „Тесла“ сепак е негативно“.
Бринкман, исто така, истакна дека „Тесла“ е „во најголем ризик“ поради „променливата регулаторна клима“ во администрацијата на Доналд Трамп, што е иронично ако се земе предвид дека Трамп, и покрај неговото непријателство кон електричните возила кога ги нарече „демократско лудило“ и „нова зелена измама“ за време на кампањата, оваа недела рече дека ќе купи нов „Тесла“ за поддршка на Маск.
Во Европа ситуацијата е уште полоша, пишува JPMorgan. Блиските односи на Маск со Владимир Путин, дистанцирањето од Украина, анти-НАТО ставовите и поддршката за „екстремно десничарските политички партии“ – сето тоа, според Бринкман, сериозно му наштетува на угледот на „Тесла“. Како резултат на тоа, регистрациите на нови возила на „Тесла“ во Европа во јануари паднаа за 50% во споредба со истиот период во 2024 година.
Свет
Зеленски: Турција ја гледаме како партнер во безбедносните гаранции за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ја гледа Турција како партнер во безбедносните гаранции за Украина.
Додаде дека Киев е подготвен да го ратификува договорот за слободна трговија меѓу двете земји.
Тој вчера во Киев се сретна со турскиот министер за одбрана Омер Болат и министерот за земјоделство Ибрахим Чумакли и разговараа за билатералните односи, соработката во производството на дронови, како и за учеството на турските компании во обновата на Украина.
„Важно е турските компании да имаат поголемо присуство во Украина. Нашата земја го цени ова, како и поддршката и помошта од Турција, особено снабдувањето со беспилотни летала Бајрактар“, рече Зеленски.