Европа
Кога Англија игра фудбал, се зголемува семејното насилство во Британија

Водечката британска организација за заштита на жени што се жртви на насилство објави дека семејното насилство зачестило за време на настапите на англиската репрезентација на Светското фудбалско првенство во Русија.
Се очекува поразот во полуфиналето со Хрватска да резултира со уште повеќе вакви случаи, објавија регионалните медиуми.
Бројот на жртвите се зголеми една петтина во последниот месец во текот на кој англискиот тим го постигна најголемиот успех на светските шампионати во последните 28 години.
Националниот центар за семејно насилство досега само за јули добил 3.500 пријави, односно 600 повеќе од просекот.
„По поразот од Хрватска, сигурен сум дека ќе ни се обратат уште повеќе жени. Такво значително зголемување може да се објасни само со нешто многу специфично, а единственото нешто специфично што се случи периодов е дека загубивме фудбалски натпревар“, рече директорот на центарот, Марк Гровс.
Инаку, најпрецизното истражување за врската меѓу СП и семејното насилство покажа дека инцидентите во Ланкашир во северниот дел на Англија се зголемувале 38 отсто кога англискиот тим ќе загуби, а 26 проценти кога ќе добие натпревар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но дека мора да се признаат „нови територијални реалности“ и да се формираат нови системи за безбедносни гаранции.
„За мирот да биде одржлив, новите територијални реалности мора да се признаат и формализираат во меѓународното право“, рече Лавров во интервју за индонезискиот весник „Компас“.
Индиректно реферирајќи на континуираното противење на Москва на приклучувањето на Украина кон НАТО, Лавров рече дека „на Украина треба да ѝ се гарантира неутрален, неврзан и ненуклеарен статус“.
Украина вели дека не е до Русија да одлучува во што Киев може, а што не може да се приклучи, додека НАТО вели дека Русија не може да има вето врз членството во алијансата, која беше основана во 1949 година за да се спротивстави на заканата што ја претставуваше Советскиот Сојуз.
Лавров рече дека шефовите на руската и украинската делегација биле во директен контакт и дека очекува разговорите да продолжат.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Големо невреме во Трст: поплавени улици, водата ги носеше автомобилите

Големо невреме со грмотевици го погоди Трст вчера вечер, околу 19 часот. За само неколку минути, наврнаа приближно 40 милиметри дожд на квадратен метар.
На многу улици, водата ги крена капаците на шахтите или однесе канти за ѓубре. Поројот однесе и возила, објави Индекс.хр.
Flooding in Trieste in northeast Italy this evening…🌊pic.twitter.com/dtH3w1Pvbh
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 2, 2025
Интернет и телефонските врски биле во прекин подолго време. Електричната енергија беше во прекин на некои улици во центарот на градот. Противпожарната служба имаше десетици интервенции поради луѓе заглавени во лифтови, автомобили заглавени во вода и поплавени подруми и куќи.
Severe flooding in Trieste, Italy today. (Sep 02)
📹Revoltella via Laura_Mlb7 pic.twitter.com/BdPP2w8ODZ
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) September 2, 2025
Потпорен ѕид се урна, оштетувајќи автомобил. Инцидентот се случил кратко по 21 часот, кога жителите во областа слушнале силен тресок.
Во тој момент никој не поминувал покрај ѕидот. Имало материјална штета, но луѓето што живеат во блиските згради биле во страв. Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот за да го обезбедат местото и да спречат понатамошни уривања.
фото: принтскрин
Европа
Фицо по средбата со Путин: Имам неколку пораки за Зеленски

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, имал „неколку заклучоци и пораки“ што сакал да му ги пренесе на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој рече дека неговата средба со Путин траела еден час и главно била за војната во Украина. Словачкиот премиер истакна дека за време на средбата, Путин го информирал за разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска и за „перспективите за завршување“ на војната.
„Извлеков неколку заклучоци и пораки од овој важен разговор што имам намера да му ги пренесам на украинскиот претседател Зеленски в петок“, нагласи Фицо.
Тој исто така рече дека очекува многу повици од други европски лидери.
Фицо пристигна во Кина за да присуствува на најголемата воена парада во историјата на земјата.
Откако се врати на функцијата во 2023 година, Фицо ја прекина воената помош за Украина од словачките воени резерви и ги доведе во прашање европските санкции кон Русија. Фицо, исто така, во минатото вети дека ќе го блокира влезот на Украина во НАТО. Членството во НАТО бара согласност од сите земји-членки.
Путин и Фицо последен пат се сретнаа во Москва во мај за време на прославите на Денот на победата во Русија. Додека односите меѓу Братислава и Москва продолжуваат да се продлабочуваат, европските сојузници продолжуваат да ги критикуваат Фицо и унгарскиот премиер Виктор Орбан за нивниот пристап кон Русија.
фото: принтскрин