Свет
Кои се жртвите во несреќата на „Етиопијан ерлајнс“?
Во авионската несреќа на „Етиопијан ерлајнс“, што се случи во утрото во неделата, загинаа 157 луѓе од 35 националности. Меѓу нив имало 32 патници од Кенија, 18 од Канада, девет од Етиопија, девет од Велика Британија и по осум од Италија, Кина и од САД и седум од Франција, објави Би-би-си.
Голем дел од патниците одел на самитот на Обединетите нации во Најроби. Најмалку 22 луѓе на летот биле поврзани со ОН, а нивниот идентитет сè уште се утврдува. Меѓу нив имало делегати, преведувачи и друг персонал на ОН, како и нигерискиот амбасадор Олуреми Башуа.
It is with heavy hearts that we share the news that four members of @CatholicRelief staff were killed in the Ethiopian Airlines Flight 302 crash yesterday. They will be deeply missed.
Their names are Sara Chalachew, Getnet Alemayehu, Sintayehu Aymeku, and Mulusew Alemu. pic.twitter.com/kcZZ8WMOzK
— Michael Stulman (@MichaelStulman) March 11, 2019
Засега се идентификувани и тројца италијански државјани што работеле за хуманитарната организација „Африка Тремила“, која е базирана во Бергам. Загинале претседателот на организацијата, Карло Спини, неговата сопруга и секретарот на организацијата.
Во несреќата загинал и Себастиоано Туса, археолог на 66-годишна возраст, кој патувал во Кенија на проект со УНЕСКО.
Австриското Министерство за надворешни работи потврди дека на летот имало тројца доктори на 30-годишна возраст, кои патувале во Занзибар.
The Norwegian Red Cross is very sorry to announce that we fear our Programme Finance Coordinator Karoline Aadland (28) was onboard the flight ET302 and among the deceased. Our thoughts are with her next of kin. Our focus is on providing them with assistance in this difficult time pic.twitter.com/1wCY3UMH0q
— Norges Røde Kors (@rodekorsnorge) March 10, 2019
Вчера беше потврдено дека загинале синот и сопругата на словачки политичар. Објавено е и дека загинале тројца Швеѓани, но нивниот идентитет не е потврден.
Загинала и 28-годишната Норвежанка Каролин Адланд, која работела во Црвениот крст, како и тројца туристи од Русија.
Канадскиот премиер Џастин Трудо потврди дека загинала и една Канаѓанка – Даниел Мур, 24 години, која патувала на конференцијата на ОН.
Од САД загинале четворица членови на Католичкото здружение за помош, кои патувале во Најроби на обука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.