Свет
Колумбија ги забрани борбите со бикови: „Арената да биде место за култура и спорт, а не за смрт“

Колумбискиот претседател Густаво Петро потпиша закон со кој се забранува борење со бикови во таа јужноамериканска земја.
„Не можеме да му кажеме на светот дека убивањето живи и чувствителни суштества за забава е култура“, рече Петро вчера на церемонијата, на која присуствуваа стотици активисти за правата на животните на патеката за бикови во Богота.
Тој додаде дека уништувањето на природата би значело крај на човештвото.
„Природата има права кои се независни од нас и овие права мора да се почитуваат“, рече тој. Арената за борба со бикови ќе стане сцена за култура, спорт и живот, а не за смрт“, рече претседателот. Земјата сега има три години да ги претвори арените во центри на културата и уметноста.
Матадорите, работниците што заработуваа од борби со бикови, ќе треба да се преквалификуваат, рече Петро. Законот наречен No más olé, што значи – нема повеќе оле – навивање што се користи за време на борбите со бикови, Конгресот го усвои со историска одлука на крајот на мај.
Борбите со бикови се традиција во Колумбија уште од шпанскиот колонијален период. Активистите за права на животните постојано протестираа против нив во последните години. Колумбија беше една од осумте земји што ги дозволија борбите со бикови како легална активност, заедно со Шпанија, Португалија, Франција, Еквадор, Мексико, Перу и Венецуела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.