Свет
Команда на украинската армија: Сите Украинци на возраст од 18 до 60 години можат да се борат
Командата на украинската копнена армија соопшти дека се донесени нови одлуки во врска со мобилизацијата на Украинците и дека сите граѓани на возраст од 18 до 60 години можат доброволно да учествуваат во борбата против руските сили.
Командата наведува дека не може јавно да ги соопшти деталите бидејќи, како што истакнува, „слободниот пристап до прашањата за регрутирање единици ја проширува способноста на непријателот да ги процени нашите ресурси и планови“, пренесе агенцијата УНИАН.
Старосната граница за мобилизација во Украина е намалена во мај годинава од 27 на 25 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Заканата за суверенитетот на Русија и конвенционалниот напад се основа за нуклеарен одговор
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја, пренесоа руските медиуми.
Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија врз неа, меѓу другото, ако непријателот користи конвенционално оружје, ако тоа претставува закана за виталните интереси на државата, рече Путин.
„Го задржуваме правото да користиме нуклеарно оружје во случај на агресија врз Русија и Белорусија, како членка на Федералната држава. Со белоруската страна, со претседателот на Белорусија, сите овие прашања се договорени, вклучително и доколку противникот со користењето на конвенционално оружје, создава витална закана за нашиот суверенитет“, рече Путин на состанокот на постојаниот состанок на Советот за безбедност за нуклеарно одвраќање.
Свет
Сијарто ги повика земјите од Блискиот Исток да спречат регионална војна
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска ги повика земјите од Блискиот Исток да бидат „трезни“ за да се спречи вооружениот конфликт во регионот да прерасне во регионална војна.
Сијарто во Њујорк, по разговорите со неговите либански и палестински колеги, рече дека Унгарија смета дека е клучно секоја земја во регионот на Блискиот Исток да се однесува одговорно и дека мора да се спречи регионална војна, соопшти унгарското Министерство за надворешни работи.
„Народот на Либан не е виновен за она што се случува на Блискиот Исток, ниту за ракетните напади на Хезболах врз Израел“, рече Сијарто, пренесе агенцијата МТИ.
Регион
(Видео) Тешка сообраќајка кај Загреб, има загинати, пристигна и хеликоптерот на Брзата помош
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 17 часот на патот меѓу Клоштар Иваниќ и Дубрава.
Според првите информации, во судирот на два автомобили загинало најмалку едно лице, а на повредените им пристигнале пожарникарите и итната медицинска помош од хеликоптер, пренесува порталот Пригорски.хр.
Патот е затворен за сообраќај, а деталите за трагедијата ќе бидат познати по полициската истрага.