Свет
Коментарите за исламот на Макрон ги обединија непријателите Иран и Саудиска Арабија
Бесните прекори кон францускиот претседател Емануел Макрон продолжуваат да пристигнуваат од целиот муслимански свет. Иран и Саудиска Арабија, кои имаат меѓусебна политичка нетрпеливост, заеднички ги осудија коментарите на францускиот претседател за исламот, пренесува РТ.
Макрон го привлече гневот на муслиманите со своите коментари по убиството на францускиот професор Самуел Пети, кој беше обезглавен поради карикатурите на пророкот Мухамед што им ги покажал на учениците за време на часот за слобода на говорот.
Макрон рече дека Пети е убиен „затоа што исламистите ја сакаат нашата иднина“ додавајќи дека Франција нема да се откаже од своите карикатури.
Саудиското Министерство за надворешни работи соопшти дека отфрла секаков обид за поврзување на исламот и тероризмот и ги осуди карикатурите како навредливи, истовремено додавајќи дека го осудува секој терористички чин без оглед кој го извршил.
#تصريح | مصدر مسؤول بوزارة الخارجية: نرفض أي محاولة للربط بين الإسلام والإرهاب، ونستنكر الرسوم المسيئة إلى نبي الهدى ورسول السلام محمد بن عبدالله صلى الله عليه وسلم أو أي من الرسل عليهم السلام، ونُدين كل عمل إرهابي أياً كان مرتكبه.
— وزارة الخارجية ?? (@KSAMOFA) October 27, 2020
Иранското Министерство за надворешни работи го повика францускиот амбасадор поради коментарите на Макрон. Претходно во понеделникот, коментарите беа осудени од иранските законодавци и од судството, а министерот за надворешни работи, Џавад Зариф, ги критикува, како што рече, колонијалните режими за извоз на омраза и виктимизација на муслиманите.
Muslims are the primary victims of the "cult of hatred"—empowered by colonial regimes & exported by their own clients.
Insulting 1.9B Muslims—& their sanctities—for the abhorrent crimes of such extremists is an opportunistic abuse of freedom of speech.
It only fuels extremism.
— Javad Zarif (@JZarif) October 26, 2020
Францускиот претседател веќе беше критикуван од највисоките претставници во многу муслимански земји.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го доведе во прашање менталниот капацитет на Макрон и повика на бојкот на француските производи, чувство што беше широко распространето на социјалните мрежи во муслиманскиот свет и веќе беше поддржано од неколку супермаркети.
Среде бурата од коментари, пакистанскиот премиер, Имран Кан, побара од извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, да ја забрани исламофобијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.